Рибери: На училиште ме исмејуваа, но никогаш не заплакав поради тоа

Франк Рибери ја заврши кариерата. Договорот со Салернитана траеше до крајот на сезоната, но одлучи да се збогува поради низата повреди. Поранешниот играч на Баерн одигра само 36 минути сезонава, пред повторно да се повреди.

Паузираше 6 недели поради повредено колено и заклучи дека нема смисла да се враќа на 40-годишна возраст.

Најголема трага остави во Баерн, тим со кој од 2007 годна до 2019 година освои 9 титули на германски првак и Лига на шампиони. Пред 9 години заврши на третото место на доделувањето на Златна топка. Тогаш ја освои Кристијано Роналдо, а Рибери сметаше дека е оштетен.

Зад себе, Рибери има тешка животна приказна. Француската легенда никогаш ги нема запознаено биолошките родители, како бебе бил напуштен и оставен пред скалите на манастир. На двегодишна возраст преживеал тешка сообраќајка од која излегол со повреди на лицето и многу лузни. Вели дека токму тие лузни подоцна му дале дополнителна сила.

„Лузните ми го дадоа карактерот што денес го имам, како и оваа издржливост. Кога си дете и имаш вакви лузни, не е лесно. Поради начинот на кој луѓето те гледаат и нивните коментари, страдаше моето семејство. Најтажното во сето тоа беше што таквите коментари доаѓаа од родителите на други деца, со оние кои си играв. Тоа е многу сурово“, изјави Рибери во 2018 година.

„На училиште ме исмејуваа, зборуваа за мене. Страдав поради сето тоа, но никогаш не заплакав, баш никогаш. Сета моја енергија ја насочив кон фудбалот. Без лузните денес би бил обичен човек, а сега поради нив имам голем карактер и волја. Горд сум на сѐ низ што минав, не беше лесно, но затоа денес си го сакам животот“, додаде францускиот фудбалер.

„Децата ме викаа Квазимодо, тоа ми создаваше многу проблеми. Некако, целиот тој гнев ме инспирира и го преточив во играта. Без овие лузни ќе бев сосема обичен човек, не тоа што сум денес“, вели тој.

Како што нагласува, животот на подобро му го променила сопругата со алжирско потекло Вахиба Белхами поради која во 2006 година, преземајќи го муслиманското име Билал Јусуф, се преобрати во ислам. Заедно имаат пет деца, три ќерки и два сина.

За Баерн има дадено 124 гола покрај 182 асистенции, додека за француската репрезентација постигнал 16 голови и одиграл 81 натпревари.

реклама

Фудбал

Парма се врати во Серија А

Read more

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Read more

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Read more

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Дончиќ повреден го предводеше Далас до голема победа, по мечот едвај одеше

Читај повеќе

Парма се врати во Серија А

Читај повеќе
  • play_arrow

Мадрид ќе добие нов шампион – Рубљов го победи Алкарас

Читај повеќе

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Читај повеќе

Штербик имал срцев удар

Читај повеќе

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Читај повеќе
  • play_arrow

76ерс со чудесен пресврт избегнаа испаѓање, надежта ја продолжи и Милвоки

Читај повеќе

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Читај повеќе

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Читај повеќе