Рибери викендов се збогува од фудбалот

Францускиот интернационалец соопшти дека натпреварот против Специја во сабота ќе биде негов последен.

Франк Рибери преку социјалните мрежи го соопшти она што пред некое време го најави, само што не очекуваше дека ќе се случи толку брзо. Рибери официјално заминува во фудбалска пензија, на 39-годишна возраст.

„Топката ќе застане. Емоциите во мене, нема“, напиша Рибери.

Шпекулациите велат дека Французинот веднаш ќе добие улога во управувањето на клубот од овопј историски град на бреговите на Тиренското Море.

Рибери важи за еден од најдобрите играчи во новиот милениум. Се прослави на Мундијалот 2006 во Германија кога играјќи за Франција во одлично светло се претстави пред светот, по што наредната година следуваше трансфер во Баерн, каде и мина најголем дел од кариерата.

Родум од Булоњ, Рибери како дете почна во локалниот Конти, потоа замина во Лил, за да се врати во младинската школа на Булоњ каде и дебитираше на сениорско ниво. Следуваа авантури во Алес, Брест, Мец и Галатасарај, пред да се пронајде во Марсеј. По 12 сезони во Баерн дојде во Калчото во дресот на Фиорентина, а од минатата сезона ги брани боите на Салернитана.

Збогувањето на Рибери ќе биде в сабота од 15 часот на стадионот „Ареки“ во Салерно. Македонските љубители на Калчото овој натпревар ќе имаат можност да го гледаат на Arena Premium 3.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more

Фудбал

ФК Шкупи: Секоја недела некој ни ги краде бодовите

Read more

Подолговечен од Фергусон: Ист тренер ја води Виртус Верона 42 години

Read more

Парма се врати во Серија А

Read more

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

ФК Шкупи: Секоја недела некој ни ги краде бодовите

Читај повеќе

Подолговечен од Фергусон: Ист тренер ја води Виртус Верона 42 години

Читај повеќе
  • play_arrow

Дончиќ повреден го предводеше Далас до голема победа, по мечот едвај одеше

Читај повеќе

Парма се врати во Серија А

Читај повеќе
  • play_arrow

Мадрид ќе добие нов шампион – Рубљов го победи Алкарас

Читај повеќе

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Читај повеќе

Штербик имал срцев удар

Читај повеќе

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Читај повеќе
  • play_arrow

76ерс со чудесен пресврт избегнаа испаѓање, надежта ја продолжи и Милвоки

Читај повеќе