Ричард Бренсон му дише во врат на Елон Маск: Одиме во вселената за неколку недели

Трката за освојување на вселената станува сѐ потесна – основачот на Virgin Galactic, сер Ричард Бренсон, рече дека има само уште неколку недели до првото патување во вселената на неговата компанија.

„Очекуваме да бидеме во вселената за неколку недели, не месеци. А потоа и јас ќе бидам во вселената за неколку месеци, а не години“, изјави основачот и главен извршен директор на Virgin Galactic за CNBC.

Тој додаде дека испраќањето приватни патници во вселената ќе биде многу набрзо после тоа.

Со овој потег, Бренсон му стави до знаење на могулот Елон Маск од SpaceX дека не само што му дише во врат во трката за освојување на вселената, туку дека планира и да го претекне во намерата да испрати патници во вселената.

Бренсон ја основа Virgin Galactic во 2004 година и компанијата првично најави дека ќе понуди летови во вселената за туристи на почетокот на 2009 година.

Меѓутоа, одложувањето на плановите и фаталната несреќа во 2014 година ги зауздаа првичните амбиции на сер Ричард.

Во почетокот на годинава, Virgin Galactic успешно изведе суперсоничен тест лет со ракетата SpaceShipTwo со патничка кабина, за прв пат по несреќата.

67-годишниот мултимилионер во интервју за програмата You and Yours на BBC Radio 4 рече дека оди на обука за астронаут.

„Во просторија со десет луѓе, осуммина од тие 10 би сакале да одат во вселената кога би можеле да си го дозволат тоа“, рече Бренсон за CNBC.

Ваквите изјави на Бренсон следат непосредно откако ривалот SpaceX го откри првиот приватен патник што ќе го испрати на пат околу Месечината.

Таа мисија на Маск е планирана за во 2023 година и тоа ќе биде прво патување на Месечината со човечки екипаж од 1972 година наваму.

Основачот на Amazon Џеф Безос реле дека неговата компанија за патување во вселената Blue Origin ќе лансира мисија во вселената до 2019 година, но не нагласи дали со стручен екипаж или со патници кои, најверојатно, ќе платат „солени“ карти за тоа патување.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Вести

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Read more

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Read more

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Read more

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Read more
 

Гик

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Читај повеќе

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Читај повеќе

Threads надмина 150 милиони активни месечни корисници

Читај повеќе

Дали треба да ги бараме вонземјаните на виолетови планети?

Читај повеќе