Родители, внимавајте: Кои фотографии од детето не треба да ги објавувате на социјалните мрежи?

Во одреден момент можеби ви се чини дека некоја фотографија од вашето дете е толку симпатична и убава што е штета да не ја споделите со вашите пријатели на социјалните мрежи.

Меѓутоа, пред да кликнете „објави“, помислете на приватноста на вашето дете и како таа фотографија може да се рашири на интернетот и како би влијаела понатаму во животот на детето.

Сите случаи што ќе ги наведеме тука имаат врска со заштитата на приватноста на детето како индивидуа, а вие како родител треба први да се грижите за тоа.

Фотографии на кои детето е голо

Дали се фотки од бањање во када, на плажа или слично, слики на кои детето е голо, колку и да ви изгледаат вам наивно и невино, не се соодветни за објавување јавно. Можеби си мислите дека со тоа што вашите објави може да ги видат само пријателите на Фејсбук, сте заштитени, но не е така. Денес секој може да пристапи до вашиот профил на овој или оној начин и да ги злоупотреби тие фотографии. Исто така, помислете дека детето еден ден ќе биде возрасна личност и дека можеби нема баш да му годи што други луѓе го гледале голо.

Фотографии што во иднина би можеле да го засрамат детето

Сега ви изгледа симпатично што сте го фотнале детето во некоја смешна поза или облечено на смешен начин, но како и сите други фотографии споделени на интернет, таа фотографија ќе остане заекогаш, а еден ден можеби ќе биде причина детето да биде исмевано. Затоа, тие фотографии чувајте ги за домашната архива.

Фотографии на кои има и други деца

Ова се однесува на заштита на приватноста на другите деца, покрај вашето. Ако сакате да објавите фотографија на која вашето дете си игра со други деца, побарајте дозвола од нивните родители бидејќи тие можеби имаат правило воопшто да не објавуваат фотки од своите деца на интернет.

реклама

Живот

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Како да станете поодговорни со вашите пари?

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more
 

Магазин

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Читај повеќе

Време е да научите како паметно да се расправате во врската

Читај повеќе

Дали не смеете да јадете црвено месо?

Читај повеќе
  • filter

Фараоновото проклетство: Дали прерано ќе умре оној кој ќе ја отвори гробницата?

Читај повеќе

Зошто не е добра идеја да пиете кафе после јадење?

Читај повеќе

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Читај повеќе

Како да станете поодговорни со вашите пари?

Читај повеќе

Несоницата предизвикува мозочни и срцеви удари

Читај повеќе

Што е сексомнија?

Читај повеќе