Ројс поради повреда ќе го пропушти Мундијалот во Катар

Фудбалерот од средниот ред на Борусија од Дортмунд, Марко Ројс, поради повреда нема да ѝ помогне на германската репрезентација на претстојниот Мундијал.

Според Sky Sport, 33-годишниот Ројс нема да може да учествува на Светското првенство поради повреда здобиена во средината на септември. Селекторот на Германија, Ханси Флик, до последен момент се надевал дека Ројс ќе закрепне, но играчот уште неколку недели нема да може да истрча на зелениот терен.

Ројс заработи повреда на лигаментите на скочниот зглоб во победата од 1:0 над Шалке на 17 септември. Четири недели подоцна, во мечот со Унион Берлин (0:2), тој се врати на теренот, влегувајќи како замена на полувремето. Сепак, по натпреварот почувствува болка. Минатата сабота, на 5 ноември, Ројс се врати на теренот по повреда – влезе како замена во 67. минута од натпреварот против Бохум (3:0). По тој натпревар, скочниот зглоб повторно почна да го боли.

Флик денеска го објави списокот на играчи кои ќе патуваат за Катар:

URL

Да потсетиме, Марко поради повреда го пропушти Светското првенство во 2014 година, кое го освои Германија. Исто така, поради повреда, Ројс не играше на ЕУРО 2016 година. Тој го пропушти и ЕУРО 2020, наведувајќи го заморот по „исцрпувачката сезона“.

Мундијалот во Катар ќе се игра од 20 ноември до 18 декември.

реклама

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Фудбал

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Read more

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Read more

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Read more

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Читај повеќе

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Читај повеќе
  • play_arrow

Вембанјама едногласно избран за најдобар дебитант во НБА

Читај повеќе

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Читај повеќе
  • play_arrow

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Кајрен Вилсон за прв пат во кариерата стана светски шампион во снукер

Читај повеќе

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Читај повеќе

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Читај повеќе

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Читај повеќе