Романтичен спот за песната It Ain't Me на Селена Гомез и Kygo
Kygo и Селена Гомез го објавија спотот за заедничката песна It Ain't Me.
Иако во песната се зборува за жена која собрала сила да излезе од лоша љубовна врска, во видеото е прикажана нејзината посветеност на партнерот. Видеото веќе има над 5 милиони прегледи, што значи дека фановите на двајцата музичари одвај го дочекаа производот на нивната соработка што беше најавено пред два месеци.