Саудискиот клуб Ал Наср за кој настапува Кристијано Роналдо победи со 4:3 во дербито на локалната лига против Ал Ахли.

Роналдо и Талиска постигнаа по два гола за домашниот тим. Кристијано Роналдо имаше излив на бес во 60. минута, кога побара од судијата да му досуди пенал.
Португалецот мислеше дека противникот играл со рака, казниво со пенал, но судијата не го сподели неговото мислење.
Роналдо почна да вика, му пукна филмот барајќи објаснување за одлуката на судијата. Сепак, тој помина без картон и набрзо се смири.
Целата ситуација може да ја погледнете ТУКА.