Роналдо одигра полувреме, па избега од Олд Трафорд

Кристијано Роналдо го одигра првиот натпревар сезонава за Манчестер Јунајтед во сенка на големата желба да го напушти клубот од „Олд Трафорд“.

Манчестер Јунајтед на „Олд Трафорд“ го одигра последниот подготвителен натпревар пред почетокот на новата сезона во Премиер лигата, а настапи Кристијано Роналдо, што за него беше всушност прв натпревар летово откако ги пропушти цели подготовки барајќи си нов клуб кој се натпреварува во Лигата на шампионите.

Сепак, очигледно немотивираниот Португалец не импресионираше против Рајо Ваљекано и беше единствениот играч што тренерот Ерик тен Хаг го замени на паузата. Роналдо беше одлично прифатен од навивачите кои сакаат тој да остане, но желбата на Португалецот да си замине од тимот е поголема од кога и да е, тоа го покажа со тоа што го напушти стадионот пред крајот на натпреварот, што беше фотографирано од сведоци. По ваквиот потег Роналдо беше жестоко критикуван од клупските следбеници.

Манчестер Јунајтед одигра само 1:1 против шпанскиот прволигаш. Домашните поведоа преку Амад Диало во 48. минута, а Алваро Гарсија израмни 10 минути подоцна. Помеѓу стативите на гостинскиот гол првото полувреме го мина македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски.

Јунајтед ја отвора новата сезона во Премиер лигата в недела против Брајтон. Не се знае дали Роналдо ќе биде дел од овој натпревар.

Роналдо летово се поврзуваше со бројни клубови, но засега нема ништо конкретно околу неговата нова средина. Го одбија Баерн, ПСЖ, Челси, Интер, тој ја одби Рома бидејќи не игра во Лигата на шампионите, а последна вест е дека во игра влегле Наполи и Спортинг.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Фудбал

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Read more

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Read more

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Read more
 

Спорт

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Читај повеќе
  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе
  • play_arrow

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Читај повеќе

Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид

Читај повеќе

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Читај повеќе

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе