ФИФА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО КАТАР 2022

Роналдо понижен - единствениот на СП што нема клуб, не му веруваат ни Португалците

Во осминафиналето на Светското првенство, од 21 часот Португалија игра против Швајцарија.

Во пресрет на осминафиналето на Мундијалот помеѓу Португалија и Швајцарија, во португалските медиуми беше спроведена анкета дали Кристијано Роналдо сепак треба да биде во првите 11 на националниот тим.

За Роналдо, кој и онака минува низ тежок период кога е во прашање неговата кариера, резултатите од истражувањето се сè само не добри.

Португалскиот весник A Bola објави анкета во која ги праша своите читатели дали Роналдо треба да биде во стартниот тим против Швајцарија, а 70 отсто од нив одговориле дека не треба.

„Зошто би играл од почеток? Не играше  во првиот тим на клубот, не е во форма, вели дека сака да се бори за титули, а на секои седум дена се разболува“, напишал еден читател, додека друг се пошегувал и напишал ЦР37 наместо ЦР7, алудирајќи на неговата возраст.

Да потсетиме, Роналдо е единствениот фудбалер на Светското првенство во Катар кој нема клуб по разделбата со Манчестер Јунајтед.

Го теши Португалија која заврши на првото место во групата Х, а Роналдо постигна еден гол од пенал против Гана.

И покрај сè, мал дел од Португалецот сè уште му верува.

„Сите сакаат да го видат како паѓа, но во него Португалија има лидер, шампион, победник“, вели друг навивач.

реклама

Фудбал

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Read more

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Read more

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Read more

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Читај повеќе

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Читај повеќе
  • play_arrow

Вембанјама едногласно избран за најдобар дебитант во НБА

Читај повеќе

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Читај повеќе
  • play_arrow

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Кајрен Вилсон за прв пат во кариерата стана светски шампион во снукер

Читај повеќе

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Читај повеќе

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Читај повеќе

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Читај повеќе