Роналдо постигна хет-трик за едно полувреме, даде два од слободен за првпат по 13 години

Во 26. коло од Саудиската Про лига, Ал Наср победи со убедливи 8:0 на гости кај Абха, а брилјираше Кристијано Роналдо.

Португалецот го одигра само првото полувреме и успеа да постигне хет-трик, додавајќи две асистенции.

Првите два гола ги постигна од слободен удар, што не му успеваше 13 години. Последен пат двапати постигна гол од слободен удар на еден натпревар во 2011 година против Виљареал.

По головите во 11. и 21. минута, Роналдо потоа му асистираше на Садио Мане во 33. минута за 3:0, а потоа го постигна третиот гол во 42. минута со прекрасен лоб удар. Тоа беше негов прв хет-трик во дресот на Ал Наср во кариерата.

URL

Маестралната партија ја комплетираше со асистенција за Абдулмаџид Ал Сулајхем во 44. минута за 5:0, па играта ја напушти на полувремето.

Во продолжението од натпреварот Ал-Наср постигна уште три гола против претпоследниот тим во лигата и остана со теоретски шанси за шампионската титула, иако 12-те бода зад лидерот Ал Хилал се тешко достижни.

Remote video URL

Роналдо сезонава има феноменален учинок од 29 гола и 11 асистенции во Саудиската Про лига.

реклама

Фудбал

ФИФА продолжува со фарсата: Мундијалот 2030 со 64 репрезентации

Read more

Јапонија прва обезбеди пласман на Мундијалот 2026

Read more

Дресот со број 16 што го носеше Андреј Лазаров засекогаш повлечен во Тиквеш

Read more

Мундијалската топка Trionda на ФИФА ќе го снима контактот на секој играч

Read more
 

Спорт

Хамилтон од пол-позицијата ќе го стартува спринтот во Шангај

Читај повеќе

Конор Мекгрегор се кандидира за претседател на Ирска

Читај повеќе
  • play_arrow

Брони постигна рекорд во тешкиот пораз на Лејкерс

Читај повеќе

Познато во кои 11 европски градови ќе се шири НБА

Читај повеќе

ИОК има нова претседателка - од Зимбабве

Читај повеќе

Ракометарките ги дознаа противничките во квалификациите за ЕП

Читај повеќе

ФИФА продолжува со фарсата: Мундијалот 2030 со 64 репрезентации

Читај повеќе

Бостон има нов сопственик – Селтикс се најскапата франшиза

Читај повеќе

Јапонија прва обезбеди пласман на Мундијалот 2026

Читај повеќе