
Кристијано Роналдо и Марсело Брозовиќ го освоија првиот трофеј со Ал Наср.
Во драматичен меч полн со фаули и со играч помалку, Ал Наср по продолженијата го освои Купот на арапските шампиони со победата од 2:1 против големиот ривал Ал Хилал.
Јунак на победата беше Роналдо, кој со два гола и го донесе овој трофеј на својот тим.
По натпреварот, на доделувањето на наградите се случи интересна ситуација.
За најдобар играч на турнирот беше прогласен Сергеј Милинковиќ-Савиќ од Ал Хилал, што го изненади Роналдо, кој сугерираше дека тој даде два гола во финалето и дека тој треба да биде добитник на наградата.