Рум коцки

Одличен десерт за вас и вашите најблиски.

Потребни состојки:

За пандишпан:

7 јајца

7 лажици шеќер

7 лажици брашно

За фил:

2 пудинга од ванила

500 мл млеко

8 лажици шеќер

100 грама бисквити

50 мл рум

250 грама маргарин

150 грама сируп од малина

2 кесички шлаг пена

Подготовка:

Подготовка на пандишпанот: Одделете ги белките од жолчките и потоа со постепено додавање на шеќер изматете ги белките за да станат цврсти, со непрекинато матење со миксер додавајте ги жолчките една по една. Додадете го брашното и измешајте со лажица, смесaта префлете ја во плех за печење. Печете во загреана рерна 15 минути на 200 степени.

Подготовка на фил: Во сад ставете 400 мл млеко и 8 лажици шеќер, ставете на оган да се вари на умерена температура. Посебно измешајте ги кесичките пудинг со 100 мл млеко и откако млекото ќе се свари додадете го пудингот со непрекинато мешање, се додека смесата не ја добие потребната густина. Откако пудингот добро ќе се излади додадете рум и маргарин, па потоа се добро измешајте со миксер. Додадете ги бисквитите претходно искршени на парчиња и сирупот од малина, потоа се добро измешајте за смесата добро да се соедини.

Изладениот пандишпан поделете го на два дела, врз првиот дел ставете го целиот фил па потоа ставете го другиот дел, вториот пандишпан премачкајте го со претходно изматената шлаг пена. Оставете го колачот добро да се излади, а потоа исечете го на коцки.

реклама

Рецепти

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Рецепт на денот: Потпечено бело месо со карфиол

Read more

Скара денес? Пробајте го рецептот за маринада за совршено сочно месо

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

30-минутни интензивни вежби за совршени нозе

Читај повеќе

Како длабоко да ја исчистите фритезата на топол воздух во само 3 чекори?

Читај повеќе

Почна сезоната на јагоди: 9 причини зошто треба да ги јадете

Читај повеќе

Што се случува со нашето тело ако јадеме јајца секој ден?

Читај повеќе
  • play_arrow

Од жица и камења сами направете убави саксии

Читај повеќе

Четири фрази кои најсилните парови редовно ги користат

Читај повеќе

Токсичната позитивност е ризик за менталното здравје

Читај повеќе
  • play_arrow

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Читај повеќе

Како да ги ублажите последиците од празничното прејадување?

Читај повеќе