Running vs. Training со Елена Бубало и Кокан Ајановски

Трчањето е многу поразлична дисциплина од тренирањето во сала. Сепак, постои одредена синергија помеѓу овие две работи која не е едноставна да се опише.

За таа цел беше извршено интервју помеѓу една од најдобрите тренери во Македонија, Елена Бубало, и еден од најдобрите -маратонци во Македонија, Кокан Ајановски кои воедно често се заедно во Synergy Fitness & Spa во Скопје. Тие секојдневно се жртвуваат за тоа што го сакаат одделувајќи скапоцено време за да го остварат својот сон длабоко поврзан за здравиот начин на живот и чувството на успех.

1. Кокан: Кога не ти се вежба, како се мотивираш да направиш тренинг?

- Елена: Ретко имам денови да не ми се вежба. Вежбањето ми е секојдневие во кое уживам и стил на живот без кој не можам да си ги замислам утрата. Откако Андреј е дел од  мојот живот, се случува да не сакам да се одвојам од него, па да не ми се оди на тренинг, но помислата дека е тоа само еден час, час со кој вложувам во своето здравје, изглед и расположение, веднаш се мотивирам и ја подготвувам торбата за тренинг.

 

2. Елена: Што ти е поголем предизвик, маратон или полумаратон?

- Кокан: Полумаратон е мојата омилена дисциплина затоа што на тој начин јас ја започнав мојата кариера во трчањето, т.е. мојата прва трка беше токму 21,1км. Маратон, иако за прв пат истрчав во 2009 година, активно започнав да тренирам и да трчам последниве 2 години. Поради ова, можам да кажам дека поголем предизвик моментално наоѓам во маратонот, затоа што го доживувам како некоја нова дисциплина и имам можност уште да напредувам, за разлика од полумаратонот, трка која ја имам многу пати трчано во мојата кариера и натпревар каде што можеби сум стигнал до своите граници или сум блиску до нив.

 

3. Кокан: Поинтересно ти е кога си правиш тренинг за тебе или кога си во улога на тренер?

- Елена: Многу е различно. Може да признаам дека поинтересно е кога правам тренинг за себе бидејќи можам да експериментирам, да пробам нови вежби, да поместам некои граници и слично. Додека тренингот како тренер е сериозна обврска и работа во која нема експеримент, туку внимателно избирање и изведување на вежби, прилагодени на моменталната група.

4. Елена: Како се мотивираш да одиш во 5 наутро да трчаш?

- Кокан:  Порано работев 2 работи, од 8ч. до 16ч. и од 17ч. до 22ч. и единствени опции за тренинг ми беа или рано наутро, околу 5 часот или доцна навечер околу 22 часот. Не сакав да најдам изговор, дека немам веќе време да трчам, па затоа одлучив да ја практикувам првата варијанта – рано утринско трчање. Тоа ми прејде во навика и големо задоволство и редовно почнав да станувам рано, рано и додека сите спијат јас да уживам во трчањето. Особено сум среќен кога го доживувам моментот на раѓање на денот, т.е. преминот од мрак кон ден. За мене тоа е едно уникатно доживување кое тешко се опишува со зборови и треба да се почувствува, но дефинитивно е еден од многу фактори кои ме мотивираат да трчам рано наутро!

 

5. Кокан: Кој е твојот омилен “кардио“ тренинг? Повеќе сакаш да вежбаш во природа или во сала?

- Елена: Во природа сакам само да трчам и планинарам, евентуално некој брз кружен тренинг. Салата е мојот втор дом, сакам да вежбам со опрема и уживам во сала. Салите во кои моментално вежбам, заради опремата и условите не можам да ги заменам со најсоврешните услови за тренинг. Но тоа не значи дека сакам да трчам во сала, спротивно, секогаш ми е избор да истрчам во природа и да ве сретнам сите вас насмеани тркачи.

 

6. Елена: Дали освен трчањето на часовите даваш дополнителни вежби?

- Кокан: Дополнителни вежби се задолжителни за сите оние кои сакаат многу да напредуваат и имаат високи цели со трчањето. Во тој случај трчањето само по себе не е доволно, па затоа советувам како дел од своите тренинзи да додадат и вежби со сопствена тежина, за зајакнување на своето тело.

 

7. Кокан: Имаш ли омилени вежби и кои се тие?

- Елена: -  Признавам дека ги имам. Ги обожавам и се дел од секој тренинг- чучњеви. Имам десетина различни чучнувања и сите ги сакам и практикувам како за себе така и за вежбачите. Следно брпи, вежба која знае страшно да ми го крене пулсот и во тоа уживам. Тука се и скоковите на кутии со различна висина и на крај има неколку вежби со тежини кои ги работам со Атанас на неговите часови.

8. Елена: Имаш ли омилена трка надвор од Македонија и која е таа?

- Кокан: Под поимот ‘’омилена трка надвор од Македонија’’ веројатно ми е онаа трка која сум ја трчал повеќе пати и била во сопствена организација. Иако е тоа така, веднаш ми текнува на (полу)маратонот во Загреб. Таму сум трчал 4 пати, 2 пати полумаратон и 2 пати маратон. Она што ми се допаѓа за оваа трка е градот Загреб, кој плени со својата убавина, а она што ми е најважно од натпреварувачки аспект е рамната и ‘’брза’’ патека.

 

9. Елена: Имаш многу вежбачи и поддржувачи, колку ти влијае тоа кога сите те бодрат по домашните улици и трки?

- Кокан: Многу ми значи! Поддршката од сите членови на нашата екипа, кои ми се исклучително драги, редовно и секогаш ми помага за да се надминам себе си и да го дадам најдоброто од мене што го имам во дадениот момент. Додека трчам на трка, тие се секогаш тука за мене, безрезервно ме поддржуваат, навиваат за мене и во многу ситуации токму тие моменти и биле клучни за моите победи. Кога ми е најтешко и ми доаѓа да се откажам од својата цел, тие ми даваат крилја да издржам и да успеам. Многу пати до сега сум трчал трки не заради себе, туку заради нив, да ги инспирирам, да ги мотивирам и да им покажам со личен пример дека ако можам јас, можат и тие. Се разбира дека и јас сум тука секогаш и редовно да возвратам со мојата поддршка на секаков начин, дали како учесник во трката или како тренер. Ние сме една голема фамилија и навистина уживаме заедно во сѐ што правиме!

 

10. Елена: Кога ќе ти дојде мој вежбач што се решил во мај да трча на Виз Ер Скопски маратон што ќе му кажеш во кратки црти за да почне да прави/тренира?

- Кокан: Ако дојде некој/а што вежба кај тебе, многу е веројатно да ја има дисциплината за вежбање и редовноста во тренинзите што е од особено значење. Со тоа и мојата функција како тренер ќе ми биде олеснета и во тој случај прво би се насочил кон основите на трчањето, околу стилот на трчање, патики и облека за трчање. Потоа ќе пробам да ги мотивирам да најдат убавина во трчањето и тоа да го прават со најголемо задоволство и леснотија. 3-4 трчања неделно, насочени правилно и дозирани соодветно,ќе гарантираат успех на секоја трка!

 

11. Кокан: Што ти е поголем предизвик, да вежбаш или да пазиш на исхрана?

- Елена: Секогаш тоа што во моментот ми оди потешко ми е поголем предизвик. Храната со години е истата, со плус или минус одредени продукти, заради нови проучувања или факти. Но, вежбањето ми е поголем предизвик, секогаш имам одредена цел, секогаш има нешто што помалку можам да го направам и секогаш има како да напредувам. Особено после 7 месеци од мојот пораѓање вежбањето ми е предизвик со највисоко скалило како би ја вратила повторно саканата форма и изглед. Работам на тоа секој ден и давам максимум од себе!

 

*Промотивен текст

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Фит

Зошто пливањето е една од најдобрите вежби што можете да ги изберете?

Read more

Каде грешиме со појадокот и поради тоа имаме проблеми со надуеност?

Read more

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Read more

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Read more
 

Магазин

Во кои земји не може да се патува со израелски пасош?

Читај повеќе

Вкусни телешки шницли од само 5 состојки

Читај повеќе

Хороскопски знаци што го пикаат носот секаде: Ги интересира сѐ и повеќе отколку што треба

Читај повеќе

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Читај повеќе

Зошто пливањето е една од најдобрите вежби што можете да ги изберете?

Читај повеќе

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Читај повеќе

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Читај повеќе

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Читај повеќе