Русија најави одговор на новите американски санкции

Москва, 9 август 2018 (МИА) - Русија разгледува мерки со кои ќе одговори на најновите американски санкции, воведени вчера поради труењето на поранешниот руски двоен агент Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија во Велика Британија, соопшти денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

„Руската држава ќе разгледа усвојување на соодветни мерки по овој непријателски чин на Вашингтон. САД свесно го избраа патот на конфронтации во билатералните односи, кои практично се сведени на нула“, истакна Захарова на прес-конференција во Москва. 

Таа нагласи дека американските санкции претставуваат нов обид за „демонизација“ на Русија, додавајќи дека сепак сите ултиматими кон Москва се залудни.

Захарова одново ги отфрли тврдења за поврзаност на Русија со труењето на Сергеј и Јулија Скрипал, нагласувајќи дека ниту Велика Британија, ниту САД не изнеле докази со кои би ги потврдиле обвинувањата за руска вмешаност во случајот.

„Властите на нашата земја се директно обвинети дека ја употребиле боевата нервно-парализирачка супстанца „Новиччок“, иако британската страна досега не можеше да достави никакви докази за вмешаност на Русија“, истакна Захарова, додавајќи дека Москва уште минатата година ги уништила сите резерви на хемиско оружје.

Стејт департментот синоќа соопшти дека САД ќе воведат нови санкции кон Русија, поради „употребата на хемиско оружје во обидот за атентат“ врз Скрипал.

Портпаролката на Стејт департментот, Хедер Нојерт информира дека новите санкции кон Русија ќе стапат во сила на 22 август.

Извори во Стејт департментот денеска соопштија дека санкциите ќе се однесуваат на извозот на американски стоки во Русија поврзани со националната безбедност, вклучително и на специјализирани нафтени и гасни технологии, електронски уреди и сензори. Забраната на извоз ќе се однесува за „сите руски компании, поддржани или финансирани од државата“.

Скрипал и неговата ќерка Јулија на 4 март беа пронајдени во бессознание во англискиот град Солзбери и повеќе недели беа во критична здравствена состојба. По излегувањето од болница тие се префрлени на тајна локација од безбедносни причини.

Велика Британија ја обвини Русија за нападот врз Скрипал и неговата ќерка. Москва негираше каква било вмешаност во инцидентот, што доведе до влошување на односите меѓу Русија и Западот.

реклама

Свет

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Read more

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Read more
 

Вести

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска Македонија повторно да ја вратиме на народот

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски: Нема откажувања, ги повикувам граѓаните на 8 мај да излезат масовно и да дадат поддршка за Пендаровски и СДСМ

Читај повеќе

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Читај повеќе

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Читај повеќе

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе