Русија стана втора земја со најмногу заразени со COVID-19 во светот

Русија потврди дека има 232.000 потврдени случаи на заболени од COVID-19, што е втора највисока бројка во светот по САД.

Во изминатите 24 часа во земјата беа регистрирани 10.899 новозаболени, што беше десетти последователен ден со бројка над 10.000 нови случаи.

Меѓу заразените е и портпаролот на Владимир Пурин, Дмитри Песков, објавија локални медиуми. Тој е втор висок владин службеник во земјата кој е позитивен на коронавирусот, по премиерот Михаил Мишустин.

URL

Русија се искачи на непосакуваното второ место еден ден откако претседателот Владимир Путин соопшти дека се олабавуваат рестриктивните мерки во змејата. Од вчера на работа се вратија вработените во фабриките и градежништвото, но Путин нагласи дека согласно состојбата во одделни региони, локалните власти имаат слобода да ги задржат строгите мерки.

И покрај високиот број на заболени, билансот на починати од болеста во Русија сепак не е многу голем и досега има 2.226 смртни случаи од COVID-19. Владата вели дека тоа е резултат на програмата за масовно тестирање, но постои стравување дека реалниот број на починати од коронавирусот е многу повисок.

Москва е епицентарот на епидемијата во Русија – таму има повеќе од половина од бројот на заразени и повеќе од половина од бројот на смртни случаи.

Засега САД имаат најголем брј на заболени од коронавирус – над 1,3 милиони, што е речиси шест пати повеќе во споредба со другите земји. Бројот на смртни случаи од COVID-19 во земјата андмина 81.000.

Според податоците на сајтот Worldometers, во светот има регистрирано 4.354.545 заразени со коронавирусот, од кои 293.033 починале, а 1.609.611 оздравеле.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Свет

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Read more

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Read more

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Read more

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе