Русинка заврши на психијатрија откако пишуваше против војната на социјалните мрежи

Руски суд нареди психијатриска евалуација на активистка на која ѝ се суди за објави на социјалните мрежи во кои ја критикувала руската инвазија на Украина, пишува Sky News.

Адвокатот на активистката Раиса Болдова за Радио Слободна Европа (RFE) изјави дека одлуката на судот во Башкортостан, која е донесена денеска, ги крши човековите права на неговата клиентка.

RFE известува дека полицијата почнала да ја истражува Болдова претходно оваа година, откако таа објавила критики за руската инвазија на социјалните мрежи.

Болдова е обвинета за „ширење лажни вести“ за руската армија, за што ѝ се заканува затворска казна. Да потсетиме, Русија од почетокот на инвазијата донесе нови закони кои и дозволуваат да ги прати во затвор сите јавни противници на руската инвазија на Украина.

На почетокот на овој месец, истакнатиот руски дисидент Илја Јашин беше осуден на 8,5 години затвор поради објавување видео на YouTube за руските воени злосторства во украинскиот град Буча во близина на Киев.

Тагови
реклама

Свет

Ирак воведе затворска казна од 15 години за истополови врски

Read more

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Read more

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Read more

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more
 

Вести

Распишан конкурсот за наградата „Антево перо“ за 2024 година

Читај повеќе

Двајца Срби краделе велосипеди во општина Аеродром, полицијата ги фати

Читај повеќе

Лани во Македонија се случиле 108 несреќи при работа, а од нив 15 завршиле со фатални последици

Читај повеќе

Основците и средношколците од утре на пролетен распуст

Читај повеќе

Ковачевски: ВМРО ДПМНЕ ќе ги затвори нашите ЕУ перспективи, СДСМ останува посветена на европска Македонија

Читај повеќе

Апасиев: Под власта на учките од ДУИ, поддржани од корумпираната македонска елита, секое второ дете од Полог се раѓа во Швајцарија

Читај повеќе

Ковачки до Ахмети: Парите со кои вршиш поткуп ќе треба да ги вратиш

Читај повеќе

Ирак воведе затворска казна од 15 години за истополови врски

Читај повеќе

Промена на времето со пороен дожд и грмежи од 1 мај

Читај повеќе