Руската пародија на интрото на „Симпсонови“ е мрачен паралелен универзум
Анимираната серија „The Simpsons“ е едно од најважните парчиња поп-култура произведени во 20-от век и засекогаш ја измени телевизијата како медиум. Група руски креативци направи омаж на интрото на оваа серија, замислувајќи ја како паралелен универзум во кој наместо шарените бои и насмевките на лицата преовладува мрачна атмосфера, јад и очај.
Рускиот канал за анимација наречен Lazy Square ги спои Симпсонови со актуелната хит-серија „Chernobyl“, па како резултат на тоа Хомер, Марџ, Барт, Лиса и Меги се најдоа во еден темен амбиент, полн со беда и зло.