Руски научник: Јас го направив отровот за Скрипал, не е првиот што го носам на душа

Русија негира дека има програма за хемиско оружје, а во меѓувреме излегуваат на површина нови детали за труењето на поранешниот двоен агент Сергеј Скрипал.

Владимир Углев е руски научник кој во интервју за BBC призна дека помогнал во развивањето на нервниот агенс „новичок“ со кој беа отруени Скрипал и неговата ќерка Јулија.

„Целта беше да се произведе многу помоќна супстанца од нервниот агенс VX, дури и до десет пати појак. Ние го направивме токму тоа“, тврди 71-годишниот Углев .

Ако е овој отров толку моќен, како Скрипал и ќерка му преживеаја?

Углев смета дека рускиот агент примил многу мала доза.

Неделава беше објавено дека отровот бил доставен во течна форма.

Углев е свесен за одговорноста што ја сноси.

„Ова не се првите жртви што ги носам на душа. Можам да ви набројам уште десетина луѓе отруени со таа супстанца“, вели Углев кој работел во државна лабораторија во југозападна Русија.

Тој додава дека не е изненаден што Русија негира дека е вмешана во меѓународниот инцидент.

„Не е проблем на Путин, туку на општеството и државата. Логиката укажува на тоа дека зад сѐ стои Русија. Власта толку брзо се обиде да се огради од сѐ, како крадец во продавница, прв ќе викне дека не е виновен и ќе обвини некој друг“, смета Углев.

реклама

Свет

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Read more

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Read more
 

Вести

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска Македонија повторно да ја вратиме на народот

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски: Нема откажувања, ги повикувам граѓаните на 8 мај да излезат масовно и да дадат поддршка за Пендаровски и СДСМ

Читај повеќе

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Читај повеќе

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Читај повеќе

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе