Руски специјалци заедно со нивните италијански колеги извршија дезинфекција во три пензионерски домови во северниот италијански регион Ломбардија, соопшти денеска руското Министерство за одбрана. Дезинфицирани се вкупно 18.000 метри квадратни.
Досега руската војска дезинфицираше повеќе од 29.000 метри квадратни простор во 11 медицински установи во Италија.
Рускиот претседател Владимир Путин и италијанскиот премиер Џузепе Конте на 21 март во телефонски разговор се договорија Русија да испрати помош за Италија во борбата против пандемијата од коронавирусот.
Русија испрати 15 авиони со 100 воени виролози и епидемиолози, опремени со уреди за дијагностика и дезинфекција.