С. Македонија, Србија и Албанија ги олеснуваат процедурите за меѓусебно признавање дипломи

Северна Македонија, Србија и Албанија во рамки на иницијативата Отворен Балкан во Охрид потпишаа договор со кој се олеснува меѓусебното признавање на дипломите и научните степени, издадени од високообразовни институции и други овластени институции во овие земји.

Со договорот, кој го потпишаа премиерите на нашата земја и Албанија, Димитар Ковачевски и Еди Рама, и претседателот на Србија, Александар Вучиќ, се олеснуваат процедурите за признавање на дипломите и научните степени стекнати во трите земји потписнички, а со тоа се скратуваат и роковите за нивно завршување.

– Како што е предвидено во договорните одредби, краен рок за потврда на автентичноста на една дилома е 14 работни дена од поднесување на барање од друга договорна страна, додека краен рок за завршување на процесот на признавање на дипломата е 20 работни дена од потврдата на автентичноста на дипломата или од нејзиното заверување со апостил печат, информира Министертството за образование и наука.

Потписниците на овој договор ги повикаа и останатите земји од Западен Балкан да го поддржат правниот акт и да се вклучат во неговата реализација, овозможувајќи им придобивки на своите граѓани при престој или остварување на права во други земји, но и обратно, да им го олеснат остварувањето на правата на државјаните на другите земји преку своите институции.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more

Регион

Tлото на Балканот се тресе: По Хрватска, земјотреси и во Албанија и Грција

Read more

Земјотрес со јачина од 4,7 степени во Хрватска, почувствуван и во БиХ

Read more

Обвинителството бара продолжување на притворот на осомничените за убиството на двегодишната Данка

Read more

Црна Гора воведува седумчасовно работно време до крајот на годината

Read more
 

Вести

Јапонски аеродром не изгубил ниту еден багаж за 30 години работа

Читај повеќе

Вердиевата спектакуларна опера Трубадур на 11 мај на Мајските оперски вечери

Читај повеќе

Мојсоска: На 8 мај младите ќе стават крај на истрошените елити кои немаат што да понудат

Читај повеќе

Кулеба: Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили

Читај повеќе

Без струја дел од корисниците на Волково и Кучково

Читај повеќе

Променливо облачно, попладне дожд

Читај повеќе

Tлото на Балканот се тресе: По Хрватска, земјотреси и во Албанија и Грција

Читај повеќе

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отворање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Читај повеќе

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Читај повеќе