САД и Јужна Кореја закажаа нов датум за воени вежби

Воените вежби од големи размери во кои ќе учествуваат американската и јужнокорејската војска ќе бидат одржани на 1 април, соопштија двете земји, пренесува „BBC“.

Заедничките вежби на Јужна Кореја и САД, соседна Северна Кореја ги гледа како провокација, односно подготовка за инвазија.

Вежбите требаше да започнат овој месец, но одложени се од дипломатски причини. Во нив учествувале 300.000 војници, односно огромни воени ресурси.

Новиот датум е одреден во време на дипломатските напори за намалување на тензиите на Корејскиот полуостров. Порано овој месец, американскиот претседател Доналд Трамп, сосема неочекувано го прифати повикот на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун за разговор.

Северна Кореја е подготвена да се откаже од нуклеарното оружје, а тоа го тврдат и јужнокорејските функционери.

Од Северна Кореја за сега нема повеќе детали, но ако дојде до состанок меѓу двајцата лидери, тоа ќе биде историски момент.

Севернокорејскиот министер за надворешни работи престојуваше во Шведска, каде потенцијално би можел да се одржи евентуалниот состанок меѓу Трамп и Ким.

Вежбите на војските на САД и Јужна Кореја беа одложени бидејќи се поклопуваа со одржувањето на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг.

САД и Јужна Кореја и понатаму тврдат дека вежбите се од одбранбена природа, односно дека Северна Кореја не треба да ги третира како провокација.

Вежбите вклучуваат симулација на почва, море и воздух, како и компјутерски симулации. Исто така, претставуваат тренинг во случај на терористички напади, како и напади со хемиско оружје.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Свет

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Read more

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе