Salt Bae нема веќе да се појавува на Мундијалите, не му се допаднале критиките

Популарниот турски готвач Нусрет Ѓокче изјави дека никогаш повеќе нема да се симне на терен на Светско првенство откако претрпе лавина негативни критики за фотографиите со Меси и пехарот на ФИФА.

На финалето во Катар репрезентацијата на Аргентина ја победи Франција, а многумина го чекаа моментот кога Лионел Меси требаше да го подигне пехарот од 18-каратно злато, чија вредност се проценува на околу 20 милиони американски долари.

Долу на теренот во Доха тогаш се најде и популарниот готвач, кој во рацете го држеше токму тој пехар. На многумиона не им се допадна тоа, бидејќи пехарот смеат да го допрат само оние што го освоиле Светското првенство на ФИФА, како и актуелни шефови на држави. Колку и е да е голема неговата популарност, за ФИФА Salt Bae спаѓа во „обичниот“ народ и тој не смее да го допира пехарот.

Remote video URL

Говорејќи во интервју за The Times, Нусрет објасни дека на теренот се чувствувал како дома, поради фактот што има живеено во Аргентина и што многу играчи го посетувале ресторанот каде работел. Од 2007 до 2010 година работеше во неколку локални ресторани во Аргентина и САД, без да биде платен, со цел да собере искуство како шеф.

„Не можам да направам ништо во врска со тоа што бев таму, но никогаш повеќе не би стапнал на терен на кој се одржува Светско првенство. Не се симнав на теренот за да се рекламирам, само ја почувствував таа потреба да бидам таму“, објасни Нусрет.

„Имаше уште најмалку илјада луѓе на теренот, но кога се покажуваат видеа се гледа како да сум бил само јас. Не сакав никого да засенам. Не ми се допаѓаше публицитетот“, порача тој.

Откако се појави долу на теренот на финалето во Доха, популарниот Salt Bae секојдневно добиваше негативни критики од јавноста, која оттогаш внимателно ги следи неговите постапки.

Remote video URL

Нусрет Ѓокче иако е од Турција, е етнички Курд од селото Пашали во провинцијата Ерзурум.

Тагови
реклама

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Фудбал

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Read more

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Read more

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Read more

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Read more
 

Спорт

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Читај повеќе

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Читај повеќе

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Читај повеќе
  • play_arrow

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Читај повеќе

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Читај повеќе
  • play_arrow

Норис во солзи ја прослави првата победа во кариерата оставајќи го Верстапен зад себе

Читај повеќе

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Читај повеќе
  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе