Санкции за нелегалните такси превозници во Струга

Осум лица од Струга и струшко заработиле кривични пријaви за вршење такси превоз без поседување лиценца во текот на изминатата година. При спроведување редовни контроли на стариот пат Охрид-Струга, минатата недела полицијата затекнала 81-годишно лице од струшкото село Радолишта при нелегално вршење јавен такси превоз. Без соодветна дозвола за такси дејност е затекнат и 53-годишен стружанец.

– При спроведени контроли во сообраќајот, полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид, регистрира две лица кои вршат јавен такси превоз на патници без да поседуваат соодветна лиценца за таква дејност издадена од надлежен орган. На булеварот „Туристичка“ во Охрид, затекнат е патнички автомобил SEAT со струшки регистарски ознаки, управуван од А.П. (53) од Струга, а на стариот регионален пат Охрид-Струга, при нелегален јавен такси превоз на патници со патнички автомобил Nissan со струшки таблици, затекнат е и С.Т. (81) од струшкото село Радолишта, изјави портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Таканаречените диви такси превозници најчесто поаѓаат од „селската“ автобуска постојка во Струга, кон струшките села и кон Охрид. Патниците ги превезуваат по цена од автобуски билет, што претставуваат нелојална конкуренција на компаниите, кои легално ја вршат дејноста за превоз на патници. Во возилата кај овие превозници, кои најчесто се патнички моторни возила или мини комбиња, според полицијата, често може да се затекнат и повеќе патници од дозволеното, со што се загрозува нивната безбедност и се прекршуваат здравствените протоколи за заштита од COVID-19.

– Полициските контроли ќе продолжат и во иднина, со цел елиминирање на нелегален такси превоз на патници. Санкции ќе има за возачите кои ќе се затекнат дека возат такси превоз без соодветна лиценца и непочитување на здравствените протоколи, но и кон правниот субјект, односно такси компанијата, која овозможува нелегален такси превоз, истакна Димоски.

Против лицата, кои ќе бидат затекнати во вршење такси превоз без лиценца, ќе биде поднесена соодветна пријава.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more

Хроника

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

31-годишна скопјанка нападната во спортска обложувалница во Центар

Read more

Скопјанец пукал со воздушна пушка и ја погодил мачката на соседот, полицијата му го одзеде оружјето

Read more

Дозволена екстрадицијата на Љупчо Палевски

Read more
 

Вести

Јапонски аеродром не изгубил ниту еден багаж за 30 години работа

Читај повеќе

Вердиевата спектакуларна опера Трубадур на 11 мај на Мајските оперски вечери

Читај повеќе

Мојсоска: На 8 мај младите ќе стават крај на истрошените елити кои немаат што да понудат

Читај повеќе

Кулеба: Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили

Читај повеќе

Без струја дел од корисниците на Волково и Кучково

Читај повеќе

Променливо облачно, попладне дожд

Читај повеќе

Tлото на Балканот се тресе: По Хрватска, земјотреси и во Албанија и Грција

Читај повеќе

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отворање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Читај повеќе

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Читај повеќе