Во текот на изминатата вечер (08-09.02.2024) во периодот од 21:00 до 3:00 часот на територија на СВР Битола спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол. При контролата санкционирани се 15 возачи, од кои 9 во Битола, 3 во Прилеп, 3 во Македонски Брод и 1 во Ресен, а откриени биле и 12 други видови прекршоци.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.