Саудијците со мега понуда за најдобриот судија од Серија А - Орсато

Саудиска Арабија не работи само на подигнување на својата лига преку ангажирање на играчи, туки и на судии. Даниеле Орсато, кој се смета за еден од најдобрите италијански судии, од Саудијците доби понуда што тешко се одбива.

Саудиската влада с повеќе го ставаше својот фокус на фудбалот во текот на минатата година, почнувајќи со купувањето на Кристијано Роналдо од страна на Ал Наср. Летоска долга листа на играчи добија богати понуди од различни клубови поддржани од државниот фонд, што предизвика бранувања низ европскиот фудбал.

Голем број играчи веќе ја направија преселбата во Саудиска Арабија, вклучувајќи ги Сергеј Милинковиќ-Савиќ, Нејмар, Карим Бензема и поранешниот селектор на Италија, Роберто Манчини. Владата не покажа знаци на забавување и се очекува да продолжи да нуди богати зделки и во наредните месеци.

На страницата 22 од денешниот Tuttosport е детално опишано како Даниеле Орсато добил богата понуда од Саудиска Арабија, која би му ја удвоила платата доколку се согласи да суди во Саудиската Про лига. Тој е во искушение да прифати и може да направи преселба на крајот од оваа сезона.

Со оглед на тоа што Орсато се смета за еден од најдобрите италијански судии, оваа ситуација предизвика загриженост кај АИА - Италијанската асоцијација на судии - бидејќи се веруваше дека тој е еден од главните кандидати да го замени Џанлука Роки како нов претседател на организацијата.

Во саудиската лига веќе судат странски судии, но само на одредени натпревари. Такви примери се Анастасиос Сидиропулос (Грција), Бастиан Данкерт (Германија), Тамаш Богнар (Унгарија) од Европа, Ектор Мартинес (Уругвај), Вилмар Ролдан (Колумбија), Дарио Ерера, Жаел Фалкон Перес (Аргентина), Гиљермо Гереро (Еквадор), Алексис Ерера (Венецуела), Рамон Абати (Бразил) од Јужна Америка, Марио Ескобар (Гватемала), Иван Бартон (Ел Салвадор), Сесар Рамос Паласуелос (Мексико) и Исмаил Елфат (САД) од Северна Америка - сите со по 3 или 2 отсудени натпревари.

Орсато еднаш судеше сезонава во саудиската лига, како и останатите попознати европски судии.

реклама

Фудбал

Фиорентина повторно ќе игра финале во Конференциската лига

Read more

Луис Енрике: Фудбалот понекогаш е толку нефер

Read more

Орсато означи крај во Париз и се расплака

Read more

Блесна стадионот во Битола: Пуштени рефлекторите Под Тумбе Кафе

Read more
 

Спорт

Ракометарите убедливо поразени од Фарските Острови

Читај повеќе
  • play_arrow

Фиорентина повторно ќе игра финале во Конференциската лига

Читај повеќе

Луис Енрике: Фудбалот понекогаш е толку нефер

Читај повеќе

Орсато означи крај во Париз и се расплака

Читај повеќе

Блесна стадионот во Битола: Пуштени рефлекторите Под Тумбе Кафе

Читај повеќе

Подготвени за нов спектакл? Реал и Баерн вечерва на мегдан за финале

Читај повеќе
  • play_arrow

На Дончиќ не му одеше шутот, Далас го загуби првиот дуел од Оклахома

Читај повеќе
  • play_arrow

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Читај повеќе

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Читај повеќе