Саудиска Арабија ќе се кандидира за организација на Мундијалот во 2034 година

Макфакс/Кајгана
/ 05.10.2023 / 12:31

Саудиска Арабија експресно одговори на поканата на ФИФА до земјите од Азија и Океанија да поднесат понуди за домаќин на Светското првенство во 2034 година.

Фудбалскиот федерација на Саудиска Арабија (САФФ) објави дека сака да организира „турнир од светска класа“, додавајќи дека ќе црпи инспирација од „длабоко вкоренетата страст за фудбалот“ во таа земја.

„Првата кандидатура на Саудиска Арабија за Светско првенство е поткрепена со растечкото искуство на земјата во организација на фудбалски настани од светска класа и нејзините тековни планови да им посака добредојде на навивачите од целиот свет на Светското клупско првенство во 2023 година и на Азиското првенство во 2027 година“, се вели во соопштението на САФФ.

Саудиското соопштение дојде набргу откако ФИФА ги именуваше Мароко, Шпанија и Португалија за домаќини на Мундијалот во 2030 година, со најава дека три натпревари од тој Мундијал ќе се играат во Уругвај, Аргентина и Парагвај, онаму каде што во 1930 година почна ова најпопуларно светско спортско натпреварување.

Откако ФИФА објави дека Светското првенство во 2034 година ќе се одржи во Азија или Океанија, претседателот на Азиската фудбалска конфедерација, Бахреинецот Салман бин Ибрахим Ал Халифа, ја поздрави одлуката.

„Цврсто веруваме дека ова го отвора патот за поправедна можност за сите конфедерации да се натпреваруваат и да бидат домаќини на престижен настан каков што е Светско првенство“, рече тој.

Во последно време Саудиска Арабија инвестира стотици милиони евра во развој на фудбалската инфраструктура и играчи. Само во последниот преоден рок клубовите од Саудиската професионална лига потрошија повеќе од 950 милиони долари на засилувања.

Саудиска Арабија заедно со Египет и Грција имаа идеја да се кандидираат за Мундијалот 2030, но на 1 септември годинава оваа кандидатура пропадна. Претходно во април Египет се откажа, а потоа Саудиска Арабија се повлече за да се сконцентрира на 2034.

Во моментов, само Саудиска Арабија официјално има потврдено дека се кандидира за домаќин. Интерес имата поројавено Кина, потоа Австралија и Нов Зеланд како кодомаќини, исто како и Узбекистан и Казахстан, а заедничка организација е во план и на земјите од АСЕАН (Здружение на нации од Југоисточна Азија), но засега нема информација кои од десетте земји-членки навистина сакаат организација.

реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Фудбал

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Read more

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Read more

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Read more
 

Спорт

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Читај повеќе
  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе
  • play_arrow

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Читај повеќе

Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид

Читај повеќе

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Читај повеќе

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе