СУПЕРКОПА ИТАЛИАНА 2023

Саудиска Арабија: Зошто ни ги пративте Фиорентина и Лацио на Суперкупот?

Филип Здравески
/ 22.01.2024 / 12:05

И натаму се разгоруваат страстите на релација Италија - Саудиска Арабија, по празниот стадион во четвртокот на полуфиналето помеѓу Наполи и Фиорентина.

Италијанските новинари кои се во Ријад за да известуваат од популарната Суперкопа сведочат за она што се зборува во Саудиска Арабија. Колегите од домашните медиуми им кажале најискрено што љубителите на фудбалот во оваа земја мислат за овосезонскиот италијански Суперкуп.

„Колегите, а и обичните навивачи, нѐ прашуваа зошто во Ријад сме ги пратиле Фиорентина и Лацио. Не се задоволни од понудата. Сметале дека покрај Наполи и Интер ќе им дојдат и Милан и Јувентус. Разочарани се“, пишува La Repubblica.

Фотографиите од празниот стадион на дуелот Наполи - Фиорентина од четвртокот го обиколија светот, а предизвикаа гнев на Чизмата каде многумина коментираа „што мајка“ бараат да играат во Саудиска Арабија.

URL

На стадионот „КСУ“, кој е дом на Ал Наср и има капацитет од 25 илјади гледачи, на Наполи - Фиорентина имаше само 9.762 гледачи. Утредента, во петокот, дојдоа многу повеќе за пресметката Интер - Лацио, 20.767 гледачи. Двата дуела ги добија фаворитите со идентични 3:0.

Финалето се игра вечерва на истиот стадион со почеток во 20:00 часот. Се очекува овој пат стадионот да биде исполнет до последното емсто. Љубителите на фудбалот во Македонија финалето ќе можат да го гледаат на Arena Premium 2.

Саудиска Арабија по четврти пат е домаќин на италијанскиот Суперкуп. Јасно е дека ФИГЦ одлучи да се игра во оваа земја поради финансиски бенефит, но срамот што целиот свет го виде со празниот стадион ги натера сериозно да разлислат дали вреди и во иднина да си играат со реномето на Калчото. Италијанците прв пат играат по шпански стил со 4 екипи и полуфинале па финале. Ако и натаму сакаат да играат во Саудиуска Арабија, веројатно ќе биде подобро да се вратат на стариот класичен формат во кој се игра еден натпревар помеѓу победниците на Серија А и Копа Италија.

Најмногу гледачи на натпревар од италијанскиот Суперкуп имаше во 2012 година кога во Пекинг пред 75.000 навивачи Јувентус го победи Наполи. Италијанците трипати играле во Пекинг и секогаш пред многу публика - најмалку имало 66 илјади. Рака на срце, кога во 2018 се играше во Саудиска Арабија, но во градот Џеда, дуелот Јувентус - Милан го следеа 61.235 гледачи, а лани во Ријад, но на стадионот „Крал Фахд“, имаше 51.357 гледачи на Милан - Интер.

реклама

Како правилно да ги перете белите алишта?

Read more

Ставањето тоалетна хартија во фрижидер повторно е во тренд

Read more

5 намирници богати со јаглени хидрати што треба да ги јадете ако сакате да ослабете

Read more

Вообичаена возачка навика покажува дека лицето можеби е психопат

Read more

Фудбал

Тони Крос: Уживав, сакав да заминам на овој начин

Read more

Терзиќ: Не заслуживме ваков пораз, одигравме одлично

Read more

Статива

Read more

Вечерва е финалето во ЛШ: Реал апсолутен фаворит, Борусија подготвена за сензација

Read more
 

Спорт

Тони Крос: Уживав, сакав да заминам на овој начин

Читај повеќе
  • play_arrow

Терзиќ: Не заслуживме ваков пораз, одигравме одлично

Читај повеќе
  • play_arrow

Ѓоковиќ и Музети играа до 3 сабајле – Ноле победи во пет сета

Читај повеќе
  • play_arrow

Статива

Читај повеќе

Димитријевиќ се договорил со Олимпија Милано

Читај повеќе
  • play_arrow

Вечерва е финалето во ЛШ: Реал апсолутен фаворит, Борусија подготвена за сензација

Читај повеќе
  • play_arrow

Митровиќ го расплака Роналдо: Ал Хилал со двојна круна во Саудиска Арабија

Читај повеќе
  • play_arrow

7 најлоши одбрани на титула во историјата на фудбалот

Читај повеќе

Ролан Гарос забрани пиење алкохол на трибините

Читај повеќе