Саздовски: Видовме дека колку толку правдата може да биде задоволена

Скопје, 23 април 2019 (МИА) – Ниедна мајка не треба да го закопа својот син. Казната, за жал, е толкава колку што ја предвидел законот. Во Македонија нема поголема казна за лица до 20 години. Меѓутоа, за нас како родители и за мене лично и илјада години да беше казната, односно нема земски суд што би определил вистинска казна за ова дело, истакна таткото на убиениот Никола Саздовски, Тони Саздовски по пресудата во Кривичниот суд на обвинетите за убиството на неговиот син.

„Не можам да кажам дека не сум задоволен како што има шпекулации во јавноста дека во Македонија воопшто нема правда. Од ова видовме дека колку толку правдата може да биде задоволена и се надевам дека некој повисок суд нема да ја преиначи, туку ќе ја остави истата“, истакна Саздовски.

Тој на родителите на обвинетите им порача да го кажат третиот сторител осомничен кој е во бегство, бидејќи, како што рече, сигурен е дека тие знаат кај се наоѓа, да го кажат и да не дозволат нивните деца сами да останат во затвор, туку како нивни соучесник и тој да сноси дел од вината за делото што го направил.

„За Никола веќе нема враќање. Тие сите што го знаеја, а го знаеја многу луѓе, знаеја дека тој не беше насилник, сакаше да другарува со сите“, рече Саздовски.

Тој појасни дека материјалната штета доколку некогаш се наплати во која било форма ќе биде донирана во хуманитарни цели, односно како што рече, тие ќе бидат донирани за турнирот во фудбал во село Ракотинци кој се организира во чест на Никола Саздовски, како и за други хуманитарни цели.

Братот на обвинетиот Бесир Беља, Бесар Беља рече дека не се задоволни од одлуката и дека ќе се жалат на апелација.

„Видовме дека сѐ уште нема правда во Македонија, ова е премногу и е еднострана пресуда“, истакна Бесар Беља.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Македонија

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Read more

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Read more

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Read more

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе