СДСМ: Нема никогаш да ги прифатиме повиците на лажните патриоти од ЗНАМ, не нѐ плашат ќорците на тројанскиот коњ Максим Димитриевски

Вистинските социјалдемократи кои се борат со срце и со душа за остварување на социјалдемократските вредности нема никогаш да ги прифатат повиците на лажните патриоти од ЗНАМ, велат од СДСМ.

„Максим Димитривски за неколку фотелји и градоначачлничка функција стана слуга и продолжена рака на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски.

Срамно и жално е да се гледаат поранешни генерални секретари на СДСМ како министри и послушници во Влада која ја водат луѓе што сакаа да ги убијат нивните довчерашни сопартијци. Срамно е за поранешни пратеници на СДСМ да бидат функционери во власта на Мицкоски. Од тоа вистинските членови на СДСМ се срамат и го осудуваат.

СДСМ не го плашат ќорците на Максим Димитриевски и повиците за поделба на партијата“, истакнуваат од опозициската партија.

СДСМ, додаваат тие, е единствената вистинска опозиција која ќе се бори со сите сили за да се спречуваат штетните политики на владата на Мицкоски и неговиот сателит ЗНАМ.

„Сега веќе работите се јасни, а тројанскиот коњ Димитриевски е откриен. Брзо ќе се соочи со реалноста и гневот кој го насобра од членовите на СДСМ.

Димитриевски замолче како мало дете пред Касами а неговите изблици на лажен патриотизам беа замолчани уште првата недела од неговото слугување на Мицкоски. Толку беше од чукањето во гради и лажните закани дека ќе ја напушти владата во обид да го намали срамот“, се нагласува во соопштението на СДСМ.

Тагови
реклама

Наместо 15 години работен стаж, да се добива пензија со 5 години работно искуство, предложија пензионерите

Read more

Симптом на рак на простата што мажите често го игнорираат

Read more

Топ 5 најдобри половни автомобили до 5.000 евра

Read more

Дали ги имате овие 3 среќни броеви во датумот на раѓање?

Read more

Македонија

Таравари ќе бара мораториум за одредени специјализации за да се стимулираат онколози и патолози за кои има недостиг

Read more

Во кои училишта се препишувало најмногу на полагањето државна матура?

Read more

Мицкоски најави нова инвестиција со која ќе бидат вработени над 110 граѓани

Read more

Сончево и потопло со мала до умерена локална облачност

Read more
 

Вести

Орбан и Путин се сретнаа, разговараа за Украина

Читај повеќе

Заврши сослушувањето на новите сведоци во истрагата за убиството на Данка Илиќ

Читај повеќе

Лежалките во прв ред до море во Грција и до 60 евра

Читај повеќе

Таравари ќе бара мораториум за одредени специјализации за да се стимулираат онколози и патолози за кои има недостиг

Читај повеќе

Во кои училишта се препишувало најмногу на полагањето државна матура?

Читај повеќе

Кој е Кир Стармер, новиот британски премиер?

Читај повеќе

Нов гаф на Бајден: Горд сум што сум првата црна жена...

Читај повеќе

Мицкоски најави нова инвестиција со која ќе бидат вработени над 110 граѓани

Читај повеќе

Путин: Никогаш не би се согласил на примирје без одредени предуслови

Читај повеќе