Се јави Илон Маск

Милијардерот и сопственик на Twitter се согласи дека во иднина само корисниците со сино знакче на профилот треба да гласаат за политиките на компанијата.

Тој долго време не коментираше по завршувањето на анкетата на која корисниците на Twitter гласаа за негово заминување од функцијата извршен директор на компанијата, но сега се огласи.

Иако не го коментираше она што сите го очекуваа - да објави дека се повлекува од позицијата извршен директор - Маск остави коментар на сугестија на некои корисници.

Твитерџиите предложија само профилите со верификација во форма на сино знакче да одлучуваат и да гласаат во идните анкети во однос на политиките на компанијата Twitter.

Со ова се согласи и Маск, посочувајќи дека тоа е добар предлог и дека Twitter ќе ја спроведе промената.

Синото знакче за верификација е ознака дадена на профилите на Twitter како доказ за автентичност, а може да се добие со плаќање претплата од осум долари месечно.

Сè уште ја чекаме официјалната реакција на Илон Маск за резултатите од вчерашната анкета на која корисниците на Twitter гласаа за милијардерот да се повлече од функцијата извршен директор на компанијата.

Тагови
реклама

Бизнис

IKEA купува шуми во Латвија и Литванија

Read more

Илон Маск: За 20 години концептот на пари ќе „исчезне“

Read more

Приходите и профитот на рускиот нафтен гигант нагло опаѓаат

Read more

Цените на нафтата во пад четврти месец по ред

Read more
 

Вести

Мицкоски: Историското наследство на Македонија е обврска, а не украс или сентимент

Читај повеќе

Маж од Неготино присилил скопјанка на полови дејствија, ја снимал и ѝ барал пари за да не го објави видеото

Читај повеќе

Тошковски доби опомена од Безбеден град – возел со 1 км/ч над дозволената брзина

Читај повеќе

Граничниот премин Евзони денеска повторно затворен поради протест на грчките земјоделци

Читај повеќе
  • play_arrow

Авион се запали на аеродром во Бразил, евакуирани 180 патници

Читај повеќе

МААЕ: Заштитната структура на Чернобил е тешко оштетена

Читај повеќе

Денеска дожд, од утре сонце

Читај повеќе
  • play_arrow

Русија изврши голем напад врз Украина, Полска подигна борбени авиони

Читај повеќе

Што сè заплени Царината изминатава недела?

Читај повеќе