Се намалува бројот на нови случаи и бројот на прегледи во ковид-центрите

Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека епидемиолошката состојба предизвикана од коронавирусот последните денови се подобрува, се намалува бројот на нови случаи позитивни на коронавирусот и на прегледите во ковид-центрите, а како што нагласи, попушта притисокот врз болниците.

-Се бележат тредови на опаѓање на новодијагностицирани случаи, а нешто што е многу значајно е што се намалува и бројот на прегледи во сите ковид-центри во сите градови. Сериозно значајно е намален притисокот за прием на пациенти во болнички установи и има голем број слободни болнични кревети, рече Филипче.

Во тој контекст тој најави дека од денеска ќе се почне и со ослободување на дел од одделенијата кои беа дополнително ангажирани во овој период да третираат ковид-пациенти.

-Верувам дека овие трендови ќе продолжат, оти нема да има нешто што ќе нè изненади, а на почетокот на следната недела ќе заборуваме понатаму и за типот на рестриктивни мерки кои ќе ги предложиме, рече министерот за здравство на прес-конференцијата одржана во пунктот за вакцинација во салата „Борис Трајковски“.

Дека се намалува притисокот врз болниците, според Филипче, може да се види и од фактот што сега има хоспитализирани стотина пациенти помалку од онаа што било случај минатата недела. Исто така, појасни, има намалување на бројките за 50 до 100 новодијагностицирани случаи изминатите неколку денови.

Но, потенцира министерот за здравство, треба да се има предвид и фактот дека бројот на хоспитализации не го прати веднаш бројот на намалување на случаите, затоа што, како што нагласи сè уште има пациенти на кои може да им биде потребна хоспитализација ако се влоши нивната здравствена состојба. 

Добро се одвива процесот на имунизација против Ковид-19, согласно возраста ќе се вакцинираат сите кои се пријавени

Процесот на имунизација против COVID-19 на територијата на целата држава се одвива добро. Апелирам уште еднаш граѓаните да се пријават за вакцинација на сајтот vakcinacija.mk. Околу 150 илјади граѓани во овој момент се пријавени и тоа ќе биде начинот на кој ќе го продолжиме процесот на имунизација, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Посочи дека во сите пунктови од вакцината на AstraZeneca останати се околу 5.000 дози и како дополнување на тоа околу 5.000 дози од количината од вакцината на Pfizer која веќе пристигна во земјата, ќе бидат дистрибуирани како надополнување за да се одвива процесот на вакцинација во следниот период. Со оваа количина денеска и некоја количина од 150 до 200 дози, појасни, практично целосно се искористува вакцината на Sputnik.

– Околу половина од количините 1.000 се искористени од вакцината на Sinopharm која стигна како донација од Обединетите Арапски Емирати. Добивме листа од компанијата Pfizer со која ни беше презентиран распоредот со кој ќе стигнуваат останатите количини во мај. Секој понеделник меѓу 5.000 и 7.000 вакцини, околу 26.000 се предвидени да стигнат во текот на целокупниот месец и тоа ќе биде една количина која ќе испланираме како ќе биде дистрибуирана ширум државата, рече Филипче.

Тој потенцира дека со целокупната количина од 200.000 дози на вакцината Sinopharm која треба да стигне околу 28 април, а за што е подготвен планот и дистрибуицијата согласно бројот на пријавени граѓани на сајтот vakcinacija.mk , која веднаш по пристигнувањето, а тоа ќе се преклопи со велигденските празници, ќе биде дистрибуирана ширум државата.

– Вакцинацијата со таа вакцина ќе почне во вторник непосредно по завршување на велигденските празници. Дотогаш сите спортски и училишни сали во сите шест градови ќе бидат подготвени. Салата во Охрид е веќе подготвена. До понеделник односно вторник и сите останати во останатите градови во Штип, во Куманово, во Битола, во Тетово и во Кавадарци ќе бидат спремни и опремени и со потребните фрижидери и опрема и со кадар од соодветните здравствени домови за да вакцинацијата започне согласно распоредот, истакна Филипче во салата „Борис Трајковски“ каде денеска како дел од вработените во критичната инфраструктура се вакцинираат пратениците во Собранието и дел од стручните служби кои не се вакцинираа претходниот пат.

– Ќе ја примат вакцината на Sputnik и денеска во три групи е организиран процесот на вакцинација и паралелно на сето тоа во салата „Борис Трајковски“ се одвива вакцинацијата и на постарите граѓани над 73 години, додаде Филипче.

Одговарајќи на новинарско прашање рече дека нивниот став е дека согласно возраста ќе се вакцинираат сите кои се пријавени.

– Знаат и членовите на здруженијата со оглед на тоа што имаат огромна бројка на граѓани кои имаат хронични болести и нашиот став е дека ќе одиме според возраста, односно како ќе стигне големата количина на вакцини. Затоа апелирам и да се пријават согласно пријавувањето ќе се вакцинираат практично после велигденските празници кога ќе стигне оваа значајна голема количина од вакцината на Sinopharm, посочи Филипче.  

Тој одговарајќи на новинарско прашање за тоа со која вакцина да се вакцинираат граѓаните со алергии рече дека во мај на располагање во пунктовите насекаде во државата ќе има повеќе вакцини.

– Засега нема ниту една контраиндикација за ниту една група на граѓани, освен за граѓаните помлади од 60 години за вакцината на AstraZeneca, тоа е нешто што веќе го објавивме и нема друга контраиндикација за ниту една здравствена состојба. Меѓутоа, и пунктовите се така организирани да граѓаните се пречекани од здравствени работници коишто земаат анамнеза и разговараат за здравствената состојба. Значи нека никаква контраиндикација за некаква претходна состојба за која било вакцина која што очекуваме да стигне во нашата земја. Но, може да се поразговара, лекарите се токму за тоа тука, потенцира Филипче. 

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Македонија

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Read more

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Read more

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Read more

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе