Се намалува бројот на пациенти во болниците, за подобри резултати да се почитуваат новите мерки

Бројот на пациенти кои се примаат во болниците се намалува, изјави вчера министерот за здравство Венко Филипче, кој очекува дека новите рестриктивни мерки што ќе важат до 20 јануари ќе дадат уште подобри резултати, но и дека граѓаните со својата свест и совест треба сериозно да им помогнат на здравствените работници.

На инфективните одделенија и ковид-центрите во болниците, според вчерашната статистика на Министерството за здравство, се лекуваат 1238 пациенти позитивни и сомнителни на коронавирусот – 470 се во Скопје и 768 во болниците во другите градови. Од 470-те хоспитализирани во главниот град, 186 лежат во ковид-центрите на интерните клиники, 144 на Инфективната клиника, 102 во ГОБ „8 Септември“ и 38 во Институтот за белодробни заболувања кај деца – Козле.

За едно деноноќие, според податоците од вчера, во ковид-центрите во Скопје биле хоспитализирани 36 пациенти поради компликации од коронавирусот. На интерните клиники биле примени 14, а во ГОБ „8 Септември“ и на Инфективната клиника по 11 нови пациенти. На домашно лекување, пак, биле пуштени 39 оздравени пациенти од скопските болници.

Според информацијата на Министерството за здравство од вчера, има околу 270 празни болнички кревети во ковид-центрите, но тој број, како што напомна, е променлив од час во час зашто во текот на денот има приеми, но и исписи на оздравени пациенти, со што се ослободуваат дополнителни легла.

За две до три недели се очекува да биде изградена модуларна болница – инфективно одделение во Кавадарци. На предлог на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев, Фондацијата „Никола Јанчев” донираше милион денари за болницата во Кавадарци кои се наменети за централна кислородна станица во модуларната болница.

Министерството за здравство вчера повика на хуманост од оздравените пациенти кои ги исполнуваат условите, да закажат во Институтот за трансфузиска медицина дарување конвалесцентна плазма која овозможува да се спаси живот.  Повеќе од 400 пациенти со COVID-19 досега се третирани со плазма од вкупно  449 дарители – оздравени пациенти, чии антитела се користат за сузбивање на болеста кај друг болен од COVID-19.

Институтот обезбедил 502 единици конвалесцентна плазма за третман на заразени пациенти, од кои 399 единици преку стандардно дарување и 103 преку аферезна процедура од вкупно 48 донори.

Владата на Литванија вчера донираше скафандери, заштитни маски и средства за хигиена наменети за справување со епидемијата во нашата земја. Медицинската помош вчера му беше врачена на министерот за надворешни работи Бујар Османи од нерезидентниот амбасадор на Литванија за земјава со седиште во Загреб, Јурате Рагукјене.

Во изминатото деноноќие беа регистрирани нови 815 случаи на COVID-19 од направени 2.664 тестирања. Починале 20 лица, а оздравеле 396 пациенти.

Вкупниот број на ковид-дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата достигна 77.949, оздравени се 53.345, битката со коронавирусот ја загубија 2274, а активни во моментов се 22.330 лица. Досега се направени 379. 229 тестирања на COVID-19. 

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Македонија

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Read more

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Read more

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Read more

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе