Се отвора 14. Меѓународно биенале на млади уметници во МСУ – Скопје

В четврток, во 20 часот ќе биде отворено 14. Биенале на млади уметници со наслов „Будења“ (Awakenings) во Музејот на современата уметност – Скопје.

Куратори на изложбата се Ива Димовски, Бојана Јанева и Никола Узуновски.

На изложбата ќе земат учество 38 млади уметници од земјава и од странство: Џем А (Германија), Ујхази Адриен (Унгарија, Србија), Шофу Вонг (Австралија), Милена Галици (Италија, Белгија), Габриеле Гандини (Италија), Елена Гелева (Р.С.Македонија), Ринор Даути (Косово), Надица Дојкоска (Р.С.Македонија), Серхат Емрулаи (Р.С.Македонија), Клелија Живковиќ (Р.С.Македонија), Ана Јовановска (Р.С.Македонија), Јован Јосифовски (Р.С.Македонија), Аријана Кадиќ (Црна Гора), Јулија Кастелучи (Р.С.Македонија), Лумтурие Крашники (Косово), Наџа Крачуновиќ (Србија), Герта Ксаферај (Албанија), Милан Кујунџиќ (Србија), Ана Лехбаумер (Австрија), Ана Ликар (Словенија), Јулија Манојловска (Р.С.Македонија), Симона Манчева (Р.С.Македонија), Николо Масини (Италија), Фатима Моалим (Шведска), Малина Монча (Романија), Сара Мускалу (Романија), Јана Николовска (Р.С.Македонија), Жозефин Остлунд (Шведска), Чади Реда (Швајцарија), Ананда Серне (Норвешка), Ива Станковска (Р.С.Македонија), Сара Танасковиќ (Србија), Игор Таневски (Р.С.Македонија), Славица Танеска (Р.С.Македонија), Мануел Този (Австрија), Ана Трајковска (Р.С.Македонија), Јируи Фанг (Италија) и Риџет Ферати (Р.С.Македонија).

„Годинашната тема „Будења“ се осврнува кон процесите на соочување и мечтаење и има за цел да ги поттикне младите автори да ги изразат своите размислувања, не/сигурности, не/согласувања, не/задоволства, мечти и амбиции при соочувањето со личните и општествените промени. Темата на Биеналето има за цел да го истражи и претстави процесот и промената, дејството и почетокот – оттаму, будењата како одговор на прашањата: Како младите уметници кои излегуваат од границите на семејството и образовната институција се соочуваат со општествените проблеми и предизвици? Што прават младите кога ќе се разбудат во свет во кој не се заштитени како порано? Како сонуваат во свет кој по тригодишна изолација конечно ги отвора вратите за уметничко изразување и дејствување?. Напуштањето на комфорната зона при завршувањето на образованието или осамостојувањето од семејството, почетокот или промената на кариера или пак наметнатите околности, кои произлегоа од глобалната пандемија и рестрикциите, го носат во себе аспектот на двојството. Од една страна, нивното настанување е ограничувачко, а од друга, нивниот процес е ослободувачки“, вели кураторскиот тим.

Биеналето има за цел да го насочи вниманието на стручната и пошироката јавност кон делата на новите имиња од локалната и меѓународната уметничка сцена, да ги поддржи и поттикне креативните иницијативи на уметниците од новите генерации и да создаде услови за нивно јавно претставување и развој на современата уметничка сцена. Покрај тоа што учесниците во проектот имаат можност да создадат врски и да воспостават креативен ангажман со професионалната ликовна заедница, Биеналето обезбедува простор за претставување на современите стратегии на млади уметници и на нови уметнички практики, форми и јазици во повеќеслојните области на уметноста денес. Биеналето ја потенцира и важноста од создавање алтернативен едукативен центар кој генерира знаење, го помага етаблирањето на нови уметници на современата уметничка сцена и ги препознава и развива нивните потенцијали.

Изложбата се реализира со поддршка на Министерството за култура на Р.С. Македонија, и со поддршка на Амбасадaта на Кралството на Шведска во Скопје и Амбасадата на Република Италија во Скопје.

Тагови
реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Култура

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Read more

Марко Бањоли во Чифте амам

Read more

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Read more

Филмот на Цветановски со награда за најдобар филм во Калифорнија

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе