Се појавија снимки од злогласниот руски „нуклеарен воз“

Објавените снимки од руски воз кој носи нуклеарна опрема кон украинското бојно поле дополнително ги поттикна стравувањата дека Владимир Путин би можел да тестира нуклеарно оружје.

Видеото е објавено на промосковскиот Telegram канал Rybar и е снимено во централна Русија. На него се гледа како возот, кој е поврзан со 12-та главна управа на Министерството за одбрана, превезува транспортери и други оклопни возила.

URL

Воениот аналитичар Конрад Музика рече дека 12-та главна управа е одговорна за руското нуклеарно оружје, неговото складирање, одржување и издавање на единиците, пишува Sky News.

URL
URL
Poseidon - оружје на апокалипсата

Музика смета дека оклопните возила ќе се користат исклучиво за заштита на нуклеарните единици и дека објавувањето на снимката веројатно е некакво предупредување за Западот. Имено, вознемирувачката снимка се појави кога се појави информација дека Русија ќе го тестира своето таканаречено „оружје на апокалипсата“, поточно нуклеарното торпедо Poseidon.

Торпедото е на подморницата К-329 Белгород, која плови кон Арктикот каде, според весникот La Repubblica, руската војска има намера да го тестира.

Музика рече дека транспортот на воена опрема што им припаѓа на единиците со нуклеарно оружје не мора да значи дека Русија се подготвува да распореди нуклеарно оружје во Украина.

 

 
Три можни сценарија

„Можеби ова е сигнал до Западот дека ситуацијата во Украина ескалирала. Сепак, можеби станува збор за транспорт на опрема на руските стратешки ракетни сили (RVSN), кои наесен одржуваат воени вежби и обука. може да се работи за испраќање опрема за вежба за нуклеарно одвраќање „Гром“, изјави Музика, а пренесува Daily Mail.

URL

RVSN е гранка на руските вооружени сили што ја формира основата на националната програма за нуклеарна одбрана. Се состои од десетици полкови кои контролираат илјадници нуклеарни оружја и интерконтинентални балистички ракети (ICBM).

Воените вежби „Гром“ ги обединуваат единиците на копнените, воздушните и поморските нуклеарни сили на Русија за да го тестираат својот одговор во случај на нуклеарен конфликт. Последен пат се одржаа во октомври 2019 година.

URL
реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Свет

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Read more

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе