Се разболе адвокатката на обвинет во „Труст“

Во кривичниот суд во Скопје за денеска имаше закажано рочиште за случајот „Труст“, во кој првообвинет е бизнисменот Сеад Кочан, заедно со Василије Авировиќ и Сафет Ватиќ како и три правни лица, за незаконско учество на тендер на Електрани на Македонија. Судењето беше одложено бидејќи не се појави адвокатката Сања Алексиќ, која го брани второобвинетиот Василије Авировиќ.

Адвокатката, која е дел од одбраната на обвинетите за „Тенк“ вчера побара да биде одложено денешното судење за тој случај, бидејќи, како што рече, денеска имала претходно закажано рочиште за предметот „Труст“.  Причината поради денешното отсуство е поради тоа што адвокатката се разболела, за што претходно се чуле со судијката. Следното рочиште е закажано за 20 февруари. Овој предмет е во завршна фаза, но се одложува неколкупати досега. На ред се доказите на одбраната, по што се очекуваат завршните зборови и пресудата. Според обвинението, осомничените со фалсификувани документи местеле тендери во ЕЛЕМ и го оштетиле буџетот за 17 милиони евра.

Во предметот „Тарифа“ пак, за кој денеска е закажано ролиште, обвинети се поранешниот генерален директор на АД „ЕЛЕМ“ Дејан Бошковски и уште други две лица. На денешното рочиште треба да се сослушуваат сведоци. Станува збор за обвинение за противзаконска набавка на софтверски систем за потребите на државната компанија „Електрани на Македонија“ вреден приближно четири милиони евра. Обвинителите на СЈО рекоа дека ќе докажат оти тројцата обвинети ја злоупотребиле службената положба и овластувањето. Обвинетите пак се изјаснија дека не се виновни.

реклама

Македонија

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Read more

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска Македонија повторно да ја вратиме на народот

Read more

Ковачевски: Нема откажувања, ги повикувам граѓаните на 8 мај да излезат масовно и да дадат поддршка за Пендаровски и СДСМ

Read more

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Read more
 

Вести

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска Македонија повторно да ја вратиме на народот

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски: Нема откажувања, ги повикувам граѓаните на 8 мај да излезат масовно и да дадат поддршка за Пендаровски и СДСМ

Читај повеќе

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Читај повеќе

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Читај повеќе

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе