Сè што треба да знаете за гумите пред да ги смените за претстојната сезона

Доаѓањето на топлите денови за повеќето сопственици на автомобилите значи и дека дошло време за промена на зимските гуми со летни.

Иако на многумина им се чини како гњаважа, зимските гуми не се направени за возење на високи температури, па доколку ја прескокнете замената и си возите цело лето на зимски гуми, ќе ги истрошите и нема да ги имаат повеќе перформансите потребни за совладување на вистинските зимски услови. Материјалот од кој се направени зимските гуми предвидува нивно користење на температури помеѓу -40 до 7 степени целзиусови.

Штом температурата ќе почне да расте, зимските гуми стануваат лепливи за подлогата, што значи и дека премногу се трошат. Летните гуми се потврди и поцврсти бидејќи се произведени за возење на потопли температури и по загреан асфалт. Доколку возите исклучиво низ град, веќе во април можете да ги замените зисмките гуми со летни, односно штом температурите се стабилизираат над 7 степени. Ова не важи за оние кои живеат во шумски предели и во места каде и во април може да се очекува мраз и снег.

Што значат бројките и ознаките?

Ознаките на страничниот дел од гумата на прв поглед може да ви делуваат збунувачки. За полесно да објаснимекоја ознака што значи, како пример ќе земеме димензија 205/55R16. Oвде ја имаме бројката 205, која означува ширина на гумата во милиметри, бројката 55 се однесува на процент од висината наспроти ширината на гумата, односно 55% од 205 милиметри, а тоа е 112,75 милиметри. Буквата R значи дека станува збор за радијална гума, односно гума која денес е стандард за автомобили. Последната ознака, бројот 16 е дијаметарот на фелните во инчи.

Покрај овие ознаки, на гумите се наоѓа уште една бројка и една буква, често тоа е 92 R. Овие ознаки се однесуваат на индексот на носивост и брзината. На пример, 92 означува колку изнесува носивоста на поединечна гума во килограми, што во овој случај значи дека гумата има носивост од 630 кг по тркало. Ознаката R e индекс на брзината, а во нашиот пример е ознака за брзина до 170 км/ч. Со други зборови, значи дека не се препорачува да се вози над таа брзина бидејќи ќе дојде до зголемување на температурата на гумата.

Потрошувачка, однесување на влажен пат и децибели

Освен димензиите и индексот, производителите на гуми ставаат и ознаки кои се однесуваат на потрошувачката на гориво, однесувањето на гумите на влажен пат и нивото на бучава во децибели dB. Декларацијата за потрошувачка се изразува во распон од класа А (што означува најмала потрошувачка на гориво) до класа G (најголема потрошувачка) и зависи од отпорот при тркалање на гумите. Разликата помеѓу А и G класа изнесува околу 0,65 литри во просечната потрошувачка на 100 километри. 

Во поглед на однесување на гумите на влажен пат, ознаките се изразени во класи на ефикасност помеѓу класа А и класа G, при што според EU ознаките се зема дека брзината на возење е 80 км/ч, а разликата во растојанието потребно за застанување кај гумите од класа А и G може да биде подолго и за четири должини на автомобилот, односно за околу 18 метри.

Ознаката за бучава покажува колкава е бучавата која ја прави гумата при движење. Ознаката за ниво на бучава всушност е цртеж на кој има една, две или три црни линии. Една означува ниско ниво, помеѓу 67 и 71 dB, две значат дека нивото на бучава е околу 72 dB односно на границата на дозволеното според новата европска регулатива која треба да стапи на сила, а три линии значат дека нивото е над новите европски прописи, односно околу 76 dB.

Кои гуми да се одберат?

Покрај сè што набројавме, тука е и датумот на производство (ознаката DOT - недела и година на производство), на гумата е и ознаката која говори дали станува збор за летна, зимска или гума за сите сезони. Некои луѓе се одлучуваат за купување на гуми за сите сезони бидејќи тоа им се чини како поедноставна и поевтина варијанта, отколку да купуваат два сета кои ќе треба да ги менуваат. Но, треба да има на ум дека ваквите гуми немаат перформанси како што имаат зимските гуми и генерално се наменети за користење во подрачја со клима во која нема големи температурни осцилации, мраз и снег. Исто така, траењето на ваквите гуми максимално е две години, бидејќи таквиот вид гума побрзо се троши, побрзо ја губи еластичноста и сите добри својства. Од друга страна, зимски и летен сет доколку редовно се менува и правилно се складира, може да издржи и до пет сезони.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Авто новости

Renault 5 E-Tech Roland Garros е инспириран од тенисот

Read more

Револуција од Кореја: Батерија која се полни за неколку секунди

Read more

Трка на хибридните суперавтомобили: Lamborghini Revuelto, Ferrari SF90 или Porsche 918?

Read more

Tesla го претстави обновениот Model 3 Performance со 517 КС

Read more
 

Автомобили

  • filter

Renault 5 E-Tech Roland Garros е инспириран од тенисот

Читај повеќе

Револуција од Кореја: Батерија која се полни за неколку секунди

Читај повеќе
  • play_arrow

Трка на хибридните суперавтомобили: Lamborghini Revuelto, Ferrari SF90 или Porsche 918?

Читај повеќе
  • filter

Tesla го претстави обновениот Model 3 Performance со 517 КС

Читај повеќе
  • filter

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Читај повеќе

Xiaomi со амбициозна цел: 100.000 испорачани SU7 во 2024 година

Читај повеќе
  • filter

Не е грешка: Dacia Duster носи ознаки на Renault

Читај повеќе
  • filter

Defender Octa: Тенк на терен, ракета на пат

Читај повеќе

Новиот хиперавтомобил на MG забрзува до стотка за 1,9 секунди

Читај повеќе