Се запали брод кој пренесувал илјадници автомобили Porsche и Volkswagen

Товарниот брод „Фелисити Ејс“ носел 4 илјади автомобили во САД кога упатил повик за помош поради пожар.

Вкупно 22 члена на екипажот синоќа биле успешно евакуирани од 198 метри долгиот товарен брод кој откако избил пожар во внатрешноста на пловилото испратил сигнал за помош. Бродот пренесувал 4 илјади автомобили, од кои поголемиот дел од марките Porsche и Volkswagen.

Пожарот избил кога бродот се наоѓал во близина на Азорските Острови, поточно островот Фајал, кои ѝ припаѓаат на Португалија, па на помош дошла португалската морнарица од единицата на Сетубал со 4 пловила.  Ним им се приклучила и португалската авијација за поуспешна евакуација.

Бродот тргнал од германскиот пристанишен град Емден кој излегува на Северното Море, а крајна дестинација му била Дејвисвил во американската сојузна држава Род Ајленд.

„Нашите мисли веднаш се упатија кон 22-члениот екипаж на трговскиот брод 'Фелисити Ејс', за кои разбравме дека се безбедни и во добро здравје како резултат на спасувачката мисија на португалската морнарица откако бил пријавен пожар на бродот“, соопшти портпаролот на Porsche.

„Информирани сме за инцидент со карго бродот кој пренесува возила од Volkswagen Group преку Атлантикот. Во моментов немаме информации за повредени. Соработуваме со локалните власти и бродската компанија за истражување на причините кои довеле до инцидентот“, стои во соопштението објавено од Volkswagen.

Тагови
реклама

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Свет

Венеција за само 11 дена заработи огромна сума на пари со наплата на влезници

Read more

Хамас ќе предаде 33 заложници, некои од нив се мртви

Read more

Италијанскиот министер за одбрана: Треба да преговараме со Путин

Read more

Путин: Подготвени сме за разговор со Западот, но без ароганција и сила

Read more
 

Вести

Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на косовските институции

Читај повеќе

Три лица се обиделе да влезат во објект каде што се чува изборен материјал, не е причинета штета

Читај повеќе

Самостојна изложба на Камуран Горанци, Код 4

Читај повеќе

Венеција за само 11 дена заработи огромна сума на пари со наплата на влезници

Читај повеќе

Хамас ќе предаде 33 заложници, некои од нив се мртви

Читај повеќе

Кривични против поранешен градоначалник на скопска општина и директорка на детска градинка

Читај повеќе

Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР

Читај повеќе

На денот на изборите автобусите по неделен возен ред, жичницата нема да работи

Читај повеќе

Италијанскиот министер за одбрана: Треба да преговараме со Путин

Читај повеќе