ОН: Се зболемува бројот на фалсификувани медицински препарати

Лавината на побарувачка на лекови и производи во борбата против пандемијата на коронавирусот доведе до ширење на супстандардни и фалсификувани производи – медицински маски, наметки, опрема, дијагностички комплети, разни супстанции, па дури и хлорокин. Предупредувањето е содржано во студијата „Незаконска трговија со медицински помагала во контекст на COVID-19 како закана по здравјето“, подготвена од Канцеларијата на ООН за лекови и криминал.

Во извештајот се утврдени недостатоци во правната рамка насочени кон спречување на производство и трговија со фалсификувани лекови. Групите за организиран криминал ја искористија несигурноста на луѓето во пандемијата и го компензираа недостигот на лекови со пуштање на пазарот супстандардни и фалсификувани производи. Ова претставува закана за здравјето бидејќи употребата на фалсификувани лекови и препарати може да доведе до неправилен третман и да придонесе за развој на отпорност на вирусот на лекови, предупредуваат експертите од Светската организација.

Од ОН укажуваат на фактот дека активностите на криминалните групи придонесуваат за ширење на вирусот. Експертите не исклучуваат дека криминалците ќе се насочат и кон нелегалната трговија со вакцини, кога тие ќе бидат развиени. Сајбер-нападите против критично важната инфраструктура поврзана со борбата против пандемијата, исто така, продолжуваат во форма на лаги и манипулации преку интернет насочени против здравствените власти.

реклама

Свет

Венеција за само 11 дена заработи огромна сума на пари со наплата на влезници

Read more

Хамас ќе предаде 33 заложници, некои од нив се мртви

Read more

Италијанскиот министер за одбрана: Треба да преговараме со Путин

Read more

Путин: Подготвени сме за разговор со Западот, но без ароганција и сила

Read more
 

Вести

Венеција за само 11 дена заработи огромна сума на пари со наплата на влезници

Читај повеќе

Хамас ќе предаде 33 заложници, некои од нив се мртви

Читај повеќе

Кривични против поранешен градоначалник на скопска општина и директорка на детска градинка

Читај повеќе

Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР

Читај повеќе

На денот на изборите автобусите по неделен возен ред, жичницата нема да работи

Читај повеќе

Италијанскиот министер за одбрана: Треба да преговараме со Путин

Читај повеќе
  • play_arrow

Путин: Подготвени сме за разговор со Западот, но без ароганција и сила

Читај повеќе

Од полноќ пониски цени на горивата

Читај повеќе

Хамас го прифати договорот за прекин на огнот

Читај повеќе