Седум најчести причини зошто мажите чувствуваат константен умор

Немате елан, ни енергија и постојано се чувствувате поспано?

Сосема е во ред одвреме-навреме да бидете уморни и тоа не е причина за загриженост, но ако тоа се случува секој ден, можеби телото ви дава знаци дека нешто не е во ред и дека треба да направите промени во начинот на живот и на исхрана, а можеби и да отидете на лекар.

Ова се седум најчести причини зошто мажите чувствуваат константен умор:

Лоша исхрана

Логично е дека ако не внесувате доволно хранливи состојки и витамини, тоа ќе се одрази на вашата општа физичка состојба. Листот марула во хамбургерот не се смета за дневна доза зеленчук, па затоа внимавајте како се исхранувате и внесете повеќе растителни влакна и свежо овошје и зеленчук во секојдневната исхрана.

Ниско ниво на тестостерон

Примарниот машки секс хормон игра важна улога во физичкото и менталното здравје на мажите, како и на нивното ниво на енергија. Како што стареат мажите, им опаѓа нивото на тестостерон. Ниското ниво на тестостерон може да предизвика безволност, умор, па дури и депресија. Други симптоми на ниско ниво на тестостерон се раздразливост, потешкотии при концентрирање, анемија и еректилна дисфункција.

Вежбање

И претераното и недоволното ниво на вежбање може да има иста последица – умор. Физичката активност го крева нивото на адреналин и енергија, но само до одредена граница. Ако претерате, нивото повторно се спушта.

Пореметено дишење при спиење

Ако многу ви се спие во текот на денот, иако сте спиеле најмалку 7 часа, можно е да станува збор за прекинување на дишењето во сон што може да трае до 10 секунди. Овој синдром е почест кај мажите и кај луѓето со прекумерна тежина. Симптомите на овој синдром се гласно ‘рчење, немирен сон, утринска главоболка, депресија, анксиозност и нервоза.

Несоница

Почесто се јавува кај постари мажи, но може да се јави кај мажи на која било возраст. Причините за несоницата може да бидат физички, емотивни или психички.

Анемија

Недостигот на железо се манифестира како константен умор. За ниското ниво на железо може да е виновна лошата исхрана, но причината може да биде и крварење во системот за варење.

Штитна жлезда

Иако жените почесто страдаат од болести на штитната жлезда, и мажите може да бидат погодени. Симптоми за забавена функција на штитната жлезда се умор, безволност, но и постојано чувство на студ.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Здравје

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Дали не смеете да јадете црвено месо?

Read more

Зошто не е добра идеја да пиете кафе после јадење?

Read more

Несоницата предизвикува мозочни и срцеви удари

Read more
 

Магазин

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Читај повеќе

Време е да научите како паметно да се расправате во врската

Читај повеќе

Дали не смеете да јадете црвено месо?

Читај повеќе
  • filter

Фараоновото проклетство: Дали прерано ќе умре оној кој ќе ја отвори гробницата?

Читај повеќе

Зошто не е добра идеја да пиете кафе после јадење?

Читај повеќе

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Читај повеќе

Како да станете поодговорни со вашите пари?

Читај повеќе

Несоницата предизвикува мозочни и срцеви удари

Читај повеќе

Што е сексомнија?

Читај повеќе