Седум знаци дека пиете премногу кафе

Можеби е вашиот омилен пијалак и не можете да си го замислите утрото без него, но ако претерате со кафето, вашиот организам ќе ви покаже сам.

1. Пореметување на срцевото биење

Кофеинот е стимуланс кој делува на централниот нервен систем и може да ги забрза срцевите отчукувања. Луѓето кои внесуваат премногу кофеин почнуваат да чувствуваат „прескокнувања“ на срцето.

2. Нервоза и тресење

Тресење, немир, нервоза – вака изгледа овој симптом предизвикан од прекумерно пиење кафе. Кофеинот може да активира или да ослободи некои хормони како адреналинот, кој кај човекот го елиминира чувството на умор, но може да предизвика и нервоза.

3. Често одење во тоалет

Кофеинот е слаб диуретик и може да поттикне почесто уринирање. Ова е повеќе непријатен отколку страшен проблем, но тоа може да значи дека хранливите материи не се апсорбираат во организмот како што треба, бидејќи течноста низ телото поминува премногу брзо.

4. Болки во стомакот

Кофеинот може да го стимулира гастроинтестиналниот тракт, што може да предизвика нервоза, мачнина, па дури и дијареа. Повторно, ова може да биде доста непријатен проблем.

5. Анксиозност

Ако кафето, вашата утринска радост ве прави анксиозни и нервозни наместо смирени и свежи, можеби е време да престанете да пиете кафе и да почнете да пиете чај. Симптомите на анксиозност можат да се влошат ако претерувате со внесување кофеин во вашето тело.

6. Мачнина

Високото ниво на киселини во кафето кај некои луѓе може да предизвика мачнина и проблеми со варењето на храната. Посетете го својот доктор и намалете го бројот на кафиња во денот, па видете дали состојбата се подобрила.

7. Несоница

Кафето може да нѐ расони, но и да нѐ оддалечи од потребниот сон. Кофеинот циркулира низ нашето тело и после неколку часа од конзумацијата и може влијае на бесконечните превртувања во кревет и беспомошните обиди да заспиеме. Немој да пиете кафе пред легнување и обидете се да го смирите организмот со шолја чај од камилица.

Тагови
реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Здравје

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Нутриционистите споделија листа со најздравите зеленчуци

Read more

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more
 

Магазин

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Читај повеќе
  • play_arrow

Како да се ослободите од салото на грбот до лето?

Читај повеќе

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Читај повеќе

Бакингемската палата со соопштение за состојбата на кралот Чарлс

Читај повеќе

Нутриционистите споделија листа со најздравите зеленчуци

Читај повеќе

Како да знаете дали се плаши од сериозна врска?

Читај повеќе

Во која земја младите се најсреќни? Не, не е Македонија

Читај повеќе

Во кои земји не може да се патува со израелски пасош?

Читај повеќе

Вкусни телешки шницли од само 5 состојки

Читај повеќе