Седумгодишната Лена напиша искрена критика за „Стела“

Александра Спасеска
/ 22.09.2020 / 12:03

Децата се најдобрите критичари, благодарение на нивната љубопитна проникливост и чиста искреност.

По премиерата на првиот македонски детски семеен филм „Стела“ на режисерот Стојан Вујичиќ со која отвори годинашното издание на Фестивалот на европски филм Синедејс, почнаа да стигнуваат и првите импресии.

Нашите првични импресии од „Стела“ беа дека екипата одговори на предизвикот да го направи првиот македонски семеен детски филм на јазик што е разбирлив за децата и допира до возрасните и дека ја оправда еуфоријата околу долгоочекуваниот филм во чија срж е важноста на детето во семејството и светот воопшто.

Исто така се согласуваме со видувањето за филмот на седумгодишната Лена М. Која напиша своја искрена критика за филмот.

Екипата на филмот ја објави критиката на својата фан страница на Facebook, а ние ви ја пренесуваме во целост.

„За филмот СТЕЛА

Го гледав филмот Стела. Многу ми се допадна, Никола е главниот лик. Никола голем дел е тажен, родителите често се караат. Другарите во школо му се смееја, од љубомора. Тој од тага бега од дома. Да најде љубов и мир. Оди во планина го наоѓа кучето Стела. Не зборуваат ама се сакаат. Љубовта е потребна на секого.

ЛЕНА М. 7 год.“

Како што на младиот Петар Маниќ, кому ова му е прва улога во долгометражен филм, му предвидуваме плодна актерска кариера, можеме да кажеме дека и на Лена ѝ претстои кариера во филмската критика, ако тоа го сака, со оглед на тоа дека има чувство за структура на текст, како и исклучителна проникливост.

Remote video URL

Филмот е во продукција на ДРИМ ФЕКТОРИ, а главните улоги ги толкуваат: младата шарпланинка Стела, 13-годишниот Петар Маниќ, Дејан Лилиќ, Тони Михајловски, Симеон Дамески и Христина Поповиќ. Сценариото е на Ева Камчевска, кинематографијата е на Ѓорѓи Клинчаров, костимограф на филмот е Милена Миленковиќ, снимател на звукот е Срѓан Бајски и монтажата на Данчо Стефков.

реклама

Груби ги бојкотираше претседателските избори

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Ирска ги згрози евровизиските гледачи: Гледавме ли сатанистички ритуал?

Read more

На 51% пребројани гласови Силјановска води 136 илјади пред Пендаровски

Read more

Филм & ТВ

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Read more

Netflix ги изнервира фановите на Emily in Paris

Read more

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Read more

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Ирска ги згрози евровизиските гледачи: Гледавме ли сатанистички ритуал?

Читај повеќе
  • play_arrow

Кипарската Шакира воодушеви со настапот во првата полуфинална вечер на Евровизија

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Читај повеќе

Почнува Евровизија, преставничката на Израел не излегува од хотелската соба

Читај повеќе
  • play_arrow

Netflix ги изнервира фановите на Emily in Paris

Читај повеќе
  • play_arrow

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Читај повеќе

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Читај повеќе
  • play_arrow

Скопје ќе биде домаќин на Светското првенство во хип хоп

Читај повеќе