Сејдини: Фудбал се игра за фановите

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини, преку социјалните мрежи најави дека е слушнат гласот на навивачите кои изминатите два дена бурно реагираа по промоцијата на новите дресови.

-Одиме на Европско! Напред Македонија! – напиша Сејдини и објави апликација со дресот со кој досега настапуваа македонските репрезентативци.

Ваквиот потег на Сејдини предизвика низа позитивни коментари во кои се поздравува доблеста на ФФМ да ги прифати барањата на навивачите. 

Денеска тој на Facebook објави дека ја презема одговорноста за евентуални последици и најави дека на Европското првенство македонските фудбалери ќе играат со досегашните дресови.

Во продолжение во целост го објавуваме соопштението на Сејдини.

„Драги навивачи на македонската репрезентација,

Како претседател на Фудбалската федерација на Македонија чувствувам обврска да се обратам до фудбалското семејство во врска со промоцијата на новиот дрес на македонската репрезентација за Европското првенство.

Најпрвин, изразувам искрено жалење за негативните реакции коишто беа предизвикани од бојата на новиот дрес. Свесни сме дека репрезентативниот дрес претставува чест и амбиција на секој фудбалер уште од најрана возраст.  

Репрезентативниот дрес беше подготвен со голема радост на барање на фудбалерите. Тимот бараше нови репрезентативни дресови. Ние сакавме да го исполниме тоа барање.

За жал, техничката поддршка во однос на бојата на дресот не е во согласност со барањата на ФФМ. Федерацијата и службите во ФФМ целосно ја преземаат одговорноста за овој избор, но исто така ќе побараат одговорност и од техничкиот партнер.

Како претседател на федерацијата ја преземам мојата одговорност за евентуални последици и најавувам дека на Европското првенство ќе играме со досегашните дресови.

Тоа што не влијаев и имав доверба во работата на службите во ФФМ во креирањето на новиот дрес, не значи дека треба да молчиме кога пошироката јавност го искажува своето мислење. Инсистирам настапот на Европското првенство да биде запаметен по прекрасниот успех што го направивме и да не биде засенет со работи кои се полесни за решавање.

Поради реакциите од бојата на дресот, ние како Фудбалска федерација на Македонија пративме допис до УЕФА со кој бараме натпреварите од Европското првенство да ги одиграме со актуелните дресови. Се надевам дека УЕФА ќе има разбирање за нашето барање и ќе излезе во пресрет на истото.

Со актуелниот репрезентативен дрес игравме на Европското првенство 2017, со тој дрес остваривме историски пласман на ЕУРО 2020 и со тој дрес ќе се претставиме на првенството кое со нетрпение го очекуваме.

Ве повикувам со добра мисла да ги испратиме нашите херои на Европското првенство. Навивачкиот дух да им биде ветер во грб“, стои во обраќањето на Сејдини. 

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Фудбал

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Ибра: Тешко беше да престанам да играм поради егото, не можев да ја одбијам понудата на Милан

Read more

Како Реал успеа да изнервира играч со кој освои 24 трофеи?

Read more
 

Спорт

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Читај повеќе
  • filter

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Читај повеќе

Ибра: Тешко беше да престанам да играм поради егото, не можев да ја одбијам понудата на Милан

Читај повеќе
  • play_arrow

Ферари во Мајами ќе вози во светлосина боја

Читај повеќе

Како Реал успеа да изнервира играч со кој освои 24 трофеи?

Читај повеќе

Струга пред разрешницата на сезоната се раздели со тренерот Дуро

Читај повеќе
  • play_arrow

Приказна за херојот што го сруши ПСЖ: Прекарот го добил поради забите

Читај повеќе
  • play_arrow

ФК Шкупи: Секоја недела некој ни ги краде бодовите

Читај повеќе

Подолговечен од Фергусон: Ист тренер ја води Виртус Верона 42 години

Читај повеќе