Секое четврто заразено дете развива долг ковид, покажа нова студија

Секое четврто дете со COVID-19 развива т.н. „долг ковид“, покажуваат обединетите податоци од дваесет и едно претходно истражување, спроведени во Европа, Азија, Австралија и Јужна Америка.

Од 80.071 дете болни од ковид и вклучени во студијата, 25 отсто развиле симптоми кои траеле најмалку 4 до 12 недели или развиле нови постојани симптоми кои се појавиле во рок од 12 недели, според студијата објавена на веб-страницата medRxiv, што уште нема независна рецензија.

Се покажа дека невропсихијатриските проблеми се најчести кај децата - симптоми на промени во расположението, замор, нарушување на спиењето, главоболки, когнитивни промени, вртоглавица, проблеми со рамнотежата.

На второ место се кардиореспираторните проблеми, како отежнато дишење, конгестија (акумулација на крв поради проширени крвни садови и зголемен проток на крв), болка и стегање во градите, кашлица, неправилно чукање на срцето, на трето место се проблемите со кожата, како што е прекумерното потење, чешање и опаѓање на косата, а на четврти се гастроинтестинални - болки во стомакот, запек, дијареа, повраќање и гадење.

Истражувачите признаваат дека анализата на овие податоци, собрани од голем број различни студии спроведени со различни методологии, не може да донесе цврсти заклучоци, но велат дека е јасно дека „и децата и адолесцентите по Ковид може да ги искусат ефектите врз физичкото и менталното здравје“, како и возрасните, рече коавторот на студијата Соња Вилапол од Houston Methodist Research Institute.

„Откривањето на главните знаци и симптоми на долгорочниот педијатриски ковид може да помогне да се дијагностицираат различни здравствени проблеми, да се развијат подобри третмани, да се соберат мултидисциплинарни тимови за оптимални клинички перформанси и да се идентификуваат факторите на ризик за нивно спречување“, рече Вилапол.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Здравје

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Зошто е опасно за жените да земаат вијагра?

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Скептични сте за одење во Источна Европа? Ја имаме најдобрата туристичка реклама

Читај повеќе

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Читај повеќе

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе