УРБАНО ГРАДИНАРСТВО

Секој може: Како да одгледувате сочни јагоди на тераса?

Јагодите се едно од најубавите овошја на кои им се радуваме на крајот на пролетта и почетокот на летото.

Ова сочно црвено овошје во форма на срце, без разлика дали се јаде свежо или како состојка во колачи, на многумина им е омилено овошје и сите со задоволство уживаат во неговиот вкус.

Одгледувањето јагоди воопшто не е тешко, па дури и ако немате двор или градина, можете да ги одгледувате, бидејќи доста добро растат и во саксија. Затоа, ако сакате свежи јагоди, за кои знаете дека не се прскани со пестициди, само засукајте ги ракавите малку. Верувајте, ќе ви се исплати штом ќе ги помирисате сочните овошки.

Каква саксија?

Јагодите не прават длабоки корени, така што речиси секоја саксија е погодна за нивно садење. Покрај саксии, можете да користите и стари лименки, тенџериња и други садови, откако ќе им направите отвори за дренажа. Тие напредуваат дури и во висечки саксии, па ќе бидат и убав украс на вашата тераса

Кога да ги засадите?

Доколку ги чувате на отворено, доцната пролет е идеално време, но доколку планирате да ги чувате во затворен простор, можете да ги засадите во секое време.

Како да ги засадите?

Пред садењето јагоди, додадете ѓубриво во почвата, во размер од 5,3 - 6,5. Ѓубриво треба да се додава секој месец, а во периодот на цветање три пати месечно.

Идеалното ѓубриво е богато со калиум. За одгледување на јагоди, многу е важно почвата да има добра дренажа.

Доколку користите семки од јагоди, задолжително користете квалитетна смеса која содржи компост, наводнете ја и оставете ја добро да се исцеди пред садење.

Корените пресечете ги вертикално до десет сантиметри и оставете ги да отстојат околу еден час во вода, а потоа засадете ги. Круната не смее да биде покриена со земја, туку земјата да завршува на нејзино ниво.

Доколку има некакви дамки на расадот, можно е растението да е заболено и да не успее. Засадете најмногу 3 растенија во една саксија, освен ако не користите жардиниери наменети за повеќе садници.

Како се наводнуваат?

Прекумерното наводнување доведува до гниење на коренот, затоа внимавајте на количината на вода. Кога наводнувате јагоди, доволно е почвата да остане влажна, затоа избегнувајте да го натопувате растението.

Каде да ги чувате садниците?

Кога е засадена, јагодата не смее да стои на место кое е постојано изложено на сончева светлина. Како растението напредува, му треба повеќе светлина, а идеално е да остане на сончево место од 6 до 10 часа.

Имајте на ум дека овошјето ќе биде повкусно доколку јагодата остане подолго на сонце. Ако ноќите се ладни, задолжително внесете ги садниците внатре.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Живот

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како сами да направите антицелулитно масло?

Read more

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more
 

Магазин

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Читај повеќе

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Читај повеќе

Зошто е опасно за жените да земаат вијагра?

Читај повеќе
  • play_arrow

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Стегнете се до лето: Брз тренинг за затегнати раце

Читај повеќе