Секретарка во музеј украла цртеж на Густав Климт и го чувала до смртта

Цртеж на австрискиот сликар Густав Климт што беше исчезнат од музејската збирка, бил најден меѓу оставнината на секретарка во музејот која неодамна починала, соопштија денеска службите.

Цртежот „Zwei Liegende“ е едно од четирите дела на Климт и неговиот современик на виенскиот модернизам Егон Шиле, што беа предмет на долгата правна битка меѓу градот Линц и наследниците на уметницата и колекционерка на уметнички дела Олга Јегер.

Јегер ги имаше дадено делата на долгорочен заем на музејот во Линц во 1951 година.

Кога нејзините наследници ги побарале делата назад во 2006 година, никој не можел да ги најде во архивот.

Наследниците го тужеа градот и по долга правна битка добија отштета од 8,21 милиони евра.

Сега, градските власти велат дека успеале да го најдат цртежот на Климт.

Секретарка која работела во музејот го зела и со години го криела во креденец, а пред да почине оставила инструкции како да биде вратен на градот по нејзината смрт.

Од следниот месец до мај цртежот ќе биде изложен во една од десетиците изложби ширум Австрија поставени во чест на 100-годишнината од смртта на Климт и Шиле.

Потоа цртежот ќе им биде вратен на наследниците на Јегер, ако ја вратат отштетата што ја добиле за делото.

реклама

Живот

Хороскопски знаци што го пикаат носот секаде: Ги интересира сѐ и повеќе отколку што треба

Read more

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more
 

Магазин

Хороскопски знаци што го пикаат носот секаде: Ги интересира сѐ и повеќе отколку што треба

Читај повеќе

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Читај повеќе

Зошто пливањето е една од најдобрите вежби што можете да ги изберете?

Читај повеќе

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Читај повеќе

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Читај повеќе

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Читај повеќе

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Читај повеќе

Која храна содржи најмногу пластика?

Читај повеќе