Секс за една вечер: Жените помалку се каат ако сексот бил добар

Младите жени помалку се каат после секс за една вечер ако тие ја презеле иницијативата и ако сексот бил добар, покажа едно најново истражување.

Претходни истражувања покажале дека генерално, жените повеќе се каат од мажите по секс за една вечер.

Резултатите од истражувањето во кое биле опфатени 547 студенти од Норвешка и 216 студенти од САД, сите хетеросексуалци, покажале дека „најјасен родово изразен фактор“ за каење по „секс без обврски“ е тоа кој го направил првиот чекор, односно кој бил иницијатор.

Истражувањето исто така покажало дека жените помалку се каат ако „партнерот бил вешт и ако се чувствувале сексуално задоволени“.

Сите учесници во истражувањето на Норвешкиот универзитет за наука и технологија и Универзитетот на Тексас биле на возраст до 30 години.

Претходни истражувања покажале дека мажите генерално помалку се каат по секс за една вечер во споредба со жените и тоа немало врска со фактот кој ја презел иницијативата.

„Жените кои иницираат секс најчесто имаат најмалку две изразени заеднички карактеристики“, вели професор Дејвид Бас од Универзитетот на Тексас.

„Прво, во најголем број случаи имаат здрава сексуална психологија и максимално ја имаат прифатено и уживаат во својата сексуалност. Второ, жените кои преземаат иницијатива имаат максимален избор за тоа точно со кого сакаат да имаат секс. Следствено, имаат помалку причини да чувствуваат каење бидејќи сами го направиле тој избор“, вели тој.

Овие резултати се уште еден важен потсетник колку е важно жената да биде способна сама да донесува автономни одлуки во поглед на нејзиното сексуално однесување“, вели доктор Џој П. Викоф од Универзитетот на Тексас.

„Каењето е многу непријатна емоција и резултатите од нашето истражување покажуваат дека кога жените имаат контрола врз одлуката да имаат секс, тоа го спречува чувството на каење“, вели таа.

Добар секс

Истражувањето исто така покажа дека сексуалната компетентност на партнерот игра голема улога во тоа дали жената ќе се кае по сексот за една вечер или не.

„Жените помалку се каат ако сексот бил добар. Причината е биолошка“, вели Монс Бендиксен од Катедрата за психологија на Норвешкиот универзитет.

Биолошки, жените имаат поголем влог во последиците од одлуките се сексуални односи поради можноста да забременат.

„За жените, сексуалната вештина може да биде знак за квалитетен маж“, вели Кели Асао која работеше на истражувањето.

Одвратни искуства

Истражувањето покажа дека чувствата на „гадење“ или „одбивност“ се најголеми причини зошто и мажите и жените би се каеле по ваква кратка сексуална средба за една вечер.

Под оваа категорија спаѓа и моралното каење, но исто така и ако средбата била „нехигиенска“ или ако го сметале сексот за „одвратен“.

Истражувањето исто така покажало дека иако повеќето од норвешките студенти имале повеќе секс без обврски од американските, имало мала разлика во причините за каење.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Љубов и секс

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

3 најлоши постапки што можете да ги направите ако дознаете дека партнерот ве изневерил

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Read more
 

Магазин

Хороскопски знаци што го пикаат носот секаде: Ги интересира сѐ и повеќе отколку што треба

Читај повеќе

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Читај повеќе

Зошто пливањето е една од најдобрите вежби што можете да ги изберете?

Читај повеќе

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Читај повеќе

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Читај повеќе

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Читај повеќе

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Читај повеќе

Која храна содржи најмногу пластика?

Читај повеќе