Села не го дава министерството за здравство

Зијадин Села од Алијансата на Албанците не се откажува од министерството за здравство. По средбата со премиерот Зоран Заев на која станало збор дали Алијансата на Албанците ќе остане во Владата на премиерот Заев, Села рече дека ќе го кажат својот став по изборот на нов министер за здравство.

Владата неделава потврди дека за министер за здравство ќе го предложат Венко Филипче. На новинарско прашање што ќе преземе Алијансата на Албанците ако Владата испрати до Собранието кандидат за министер за овој ресор, Села рече дека ќе почекаат да биде избран заменик на Арбен Тарави, па тогаш ќе излезат со став дали ќе излезат од Владата.

„За тоа како ќе се однесува Алијансата на Албанците и каков став ќе заземе ќе биде познато кога ќе биде испратен предлогот. Се надеваме дека министер за здравство ќе биде кандидатот на Алијансата, бидејќи така премиерот ќе покаже дека е сериозен и дека не потклекнува на притисоци“, рече Села и повторни дека нивен предлог за министер е Вулнет Ферати.

реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Кои се најпродавани автомобили во Европа годинава?

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Македонија

Лани во Македонија се случиле 108 несреќи при работа, а од нив 15 завршиле со фатални последици

Read more

Основците и средношколците од утре на пролетен распуст

Read more

Ковачевски: ВМРО ДПМНЕ ќе ги затвори нашите ЕУ перспективи, СДСМ останува посветена на европска Македонија

Read more

Апасиев: Под власта на учките од ДУИ, поддржани од корумпираната македонска елита, секое второ дете од Полог се раѓа во Швајцарија

Read more
 

Вести

Распишан конкурсот за наградата „Антево перо“ за 2024 година

Читај повеќе

Двајца Срби краделе велосипеди во општина Аеродром, полицијата ги фати

Читај повеќе

Лани во Македонија се случиле 108 несреќи при работа, а од нив 15 завршиле со фатални последици

Читај повеќе

Основците и средношколците од утре на пролетен распуст

Читај повеќе

Ковачевски: ВМРО ДПМНЕ ќе ги затвори нашите ЕУ перспективи, СДСМ останува посветена на европска Македонија

Читај повеќе

Апасиев: Под власта на учките од ДУИ, поддржани од корумпираната македонска елита, секое второ дете од Полог се раѓа во Швајцарија

Читај повеќе

Ковачки до Ахмети: Парите со кои вршиш поткуп ќе треба да ги вратиш

Читај повеќе

Ирак воведе затворска казна од 15 години за истополови врски

Читај повеќе

Промена на времето со пороен дожд и грмежи од 1 мај

Читај повеќе