Семејството на Берлускони ја почна битката за неговото наследство

Освен што смртта на Силвио Берлускони е вест сама по себе, медиумите во Италија веќе почнаа да пишуваат кој ќе го наследи богатството на италијанскиот политичар.

 

Според La Repubblica, наследството на Берлускони треба да се подели меѓу неговите деца Марина, Пјер Силвио, Барбара, Елеонора и Луиџи.

Првиот состанок на кој ќе се разговара за наследството е закажан за крајот на јуни кога Fininvest, италијанскиот холдинг во сопственост на Берлускони, ќе одржи состанок и ќе назначи нов одбор на директори кој ќе остане на функцијата само една година.

„Состанокот на Fininvestќе биде прв по смртта на Берлускони, кој никогаш не се откажа од апсолутното мнозинство во сопственоста. Неговите деца Марина и Пјер Силвио поседуваат по 7,65 отсто од Fininvest. Од друга страна, Барбара, Елеонора и Луиџи, децата на Берлускони од неговиот брак со Вероника, делат 21,42 отсто од акциите на семејната канцеларија H14 задолжена за инвестиции“, пишува La Repubblica.

Според медиумите, доколку акциите едноставно се поделат меѓу петте деца, трите од бракот со Вероника би имале апсолутно мнозинство во капиталот од 58 отсто. Така, Марина и Пјер Силвио би имале малцински удел во сопственоста.

Иако Берлускони претходно ја назначи Марина да го води Fininvest, а Пјер Силвио на челната позиција во Mediaset, италијанскиот политичар никогаш јавно не зборуваше за распределбата на акциите во компаниите.

„Овие работи му ги довери на адвокатот Микеле Карпинели и тој ќе го прочита тестаментот“, пишува италијанскиот весник.

Холдингот Fininvest е во центарот на корпоративната мрежа која има значителен удел во три компании, и тоа 53 отсто во издавачката куќа Mondadori, 48 отсто во телевизиските станици Mfe и 30 отсто во компанијата Banca Mediolanum.

Fininvest има и 100 отсто удел во фудбалскиот клуб Монца и 6,8 отсто во дигиталната услуга Soldo, како и два отсто во Satispay.

Сепак, не сè што поседува Берлускони му припаѓа на Fininvest. Берлускони освен од овој холдинг задржал и голем број компании за недвижности, а тоа особено се однесува на Идра, каде се наоѓаат некои од најпознатите семејни куќи.

„Скапоцените камења на Идра се вклучени во буџетот од 426 милиони евра. Целиот имот што Берлускони го остави на своите наследници, а се однесува на недвижен имот, се проценува на 3,7 милијарди евра“, пишува La Repubblica.

Кога станува збор за вкупната актива, Rai News пишува дека вкупната актива на Берлускони во 2022 година се проценува на 6,3 милијарди евра.

реклама

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Свет

Хамас го прифати договорот за прекин на огнот

Read more

Претепани политичари во Германија, граѓаните излегоа на улица

Read more

Русија најави вежби за тактичко нуклеарно оружје: Одговараме на провокациите

Read more

Студентски протести за Газа почнаа во Белгија и Холандија

Read more
 

Вести

Хамас го прифати договорот за прекин на огнот

Читај повеќе

Бојан Јовановски за пријавата од Кичеец: Ова е почеток на една битка со цела криминална банда

Читај повеќе

Советот на Европската Унија го усвои планот за раст за Западен Балкан

Читај повеќе

Претепани политичари во Германија, граѓаните излегоа на улица

Читај повеќе

Ден пред двојните избори гласаат болните и изнемоштените лица, затворениците и дијаспората

Читај повеќе

Русија најави вежби за тактичко нуклеарно оружје: Одговараме на провокациите

Читај повеќе

Тешка сообраќајка кај Влае – има повредени, едното возило преполовено

Читај повеќе

Студентски протести за Газа почнаа во Белгија и Холандија

Читај повеќе
  • play_arrow

Што да очекуваме по денешната инаугурација на Путин?

Читај повеќе