Сериозни инциденти во Солун

Солун, 9 септември 2018 (МИА) - До доцна синоќа траеја инцидентите во центарот на Солун по протестот против Договорот од Преспа.

Според локалните медиуми, над 20 лица се приведени, најмалку две се повредени, неколку лица се пожалиле на проблеми со дишењето поради солзавецот за време на инцидентите, а предизвикана е и материјална штета на продавници и објекти во центарот на градот.

Маскирани лица палеа канти за отпадоци и фрлаа молотови коктели, камења, дрва по полицајците, кои одговорија со солзавец и шок бомби.

Според грчките медиуми, инцидентите ги предизвикале група радикални десничари кои се вмешале со они кои протестираа против Договорот од Преспа.

Судирот меѓу демонстрантите и полицијата започна кусо пред 20 часот по локално време, а со прекини траеше до доцна во ноќта.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, грчките новинари коментираа дека демонстрантите не биле воопшто пријателски кон новинарските екипи, а на неколку пати се обиделе да нападнат претставници на медиумите.

Според грчката новинска агенција АНА-МПА, непознато лице, учесник во протестите, на еден фоторепортер му се заканил со оружје. Сведок на инцидентот бил фоторепортерот на АНА-МПА, а според неговата изјава, додека траеле инцидентите еден демонстрант се обидел да ја грабне камерата на една снимателка.

„Фоторепортерите што беа на самото место, забележаа што се случува и интервенираа, по што следеше вербален инцидент. Тогаш, реагираше втор демонстрант кој од малата чанта врзана околу него, извади оружје и им се закани, без оружјето да го насочи кон нив. Случајот предизвика силни реакции кај фоторепортерите, а инцидентот заврши и непознатото лице си замина“, објави грчката државна агенција, додавајќи дека нивниот фотограф, за случајот ги известил полициските сили што се наоѓале на местото, но непознатото лице се загубило меѓу толпата.

Додека траеја инцидентите во центарот на Солун, во непосредна близина на објектот, каде што се одржува Меѓународниот саем, грчкиот премиер Алексис Ципрас одржа говор во рамки на свеченото отворање на саемот.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Регион

ЕУ ќе му даде на Западен Балкан помош од две милијарди евра до 2027 година

Read more

Атина обвиена во сахарска прашина - личи на колонија на Марс

Read more

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Read more

Европскиот парламент одобри визна либерализација за Србите од Косово

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе