Серхио Рамос натеран да стави крај на репрезентативната кариера

Филип Здравески
/ 23.02.2023 / 19:28

Откако беше изоставен од патниците на Мундијалот во Катар, дефанзивецот Серхио Рамос денеска откри дека на него не смета ниту новиот селектор, па е приморан да стави крај на настапите за репрезентацијата на Шпанија.

Својата одлука на јавноста ѝ ја соопшти преку Instagram. Рамос со Шпанија стана светски првак во 2010 година, а титулата европски првак ја освои во 2008 и 2012 година. Вкупно за шпанската репрезентација одигра 180 натпревари на кои постигна 23 гола. Со толку настапи тој е Шпанец со најмногу настапи во националниот тим.

„Дојде време, време да се збогувам со репрезентацијата, нашите драги и возбудливи 'Црвени'. Утрово ми се јави сегашниот тренер (Луис де ла Фуенте, заб. на прев.) кој ми кажа дека не смета и нема да смета на мене, без разлика на нивото што можам да го покажам или како ќе ја продолжам кариерата“, почна Рамос.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Sergio Ramos (@sergioramos)

„Со големо жалење, тоа е крајот на едно патување за кое се надевав дека ќе биде подолго и ќе заврши со подобар вкус во устата, на ниво на сите успеси што ги постигнавме со нашите 'Црвени'. Смирено верувам дека оваа траекторија заслужи крај поради лична одлука или поради тоа што мојот настап не беше на нивото на она што го заслужува нашата репрезентација, но не поради возраста или други причини што јас, без да ги слушнам, ги почувствував. Бидејќи да се биде млад или помалку млад не е доблест или мана, тоа е само привремена карактеристика што не е нужно поврзана со перформансите или способноста. Со восхит и завист ги гледам Модриќ, Меси, Пепе... суштината, традицијата, вредностите, меритократијата и правдата во фудбалот“.

„За жал, за мене нема да биде така, бидејќи фудбалот не е секогаш фер и фудбалот никогаш не е само фудбал“.

„Поради сето ова, претпоставувам дека со оваа тага која сакам да ја споделам со вас, но и со крената глава и многу благодарна за сите овие години и за сета ваша поддршка. Носам со себе неизбришливи спомени, сите титули за кои се боревме и славевме заедно и неизмерната гордост што сум шпански репрезентативец со најмногу настапи. Овој амблем, овој дрес и навивачите, сите вие, ме правевте среќен. Ќе продолжам да ја бодрам мојата земја од дома со емоциите на привилегирана личност која гордо ја претставувала 180 пати. Ви благодарам од сѐ срце на сите вас кои отсекогаш верувавте во мене!“, напиша Рамос на Instagram.

36-годишниот Рамос нема настап за Шпанија од 31 март 2021 година кога поради низата повреди беше изоставен од списокот за ЕУРО 2020, а потоа не беше селектиран ниту за Мундијалот 2022. Негов последен голем турнир беше Мундијалот 2018, а настапи и на Мундијалите во 2014, 2010 и 2006, на ЕУРО 2016, 2012 и 2008, како и на Купот на Конфедерации во 2013 и 2009.

реклама

Крај на кредитите и долговите: 4 хороскопски знаци ќе добијат пари во мај

Read more

Невролог советува на која возраст треба целосно да се престане со пиење алкохол

Read more

Едноставна техника - божествен изглед: Вапцање јајца со свила

Read more

Почна сезоната на бозел: Со едноставен рецепт направете сок од оваа лековита билка

Read more

Фудбал

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Read more

Битка на титаните: Баерн и Реал по осми пат играат за финале

Read more

Дали Шпанија ќе биде исфрлена од ЕУРО в петок?

Read more

Форлан стана професионален тенисер - првиот турнир во јуни

Read more
 

Спорт

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Читај повеќе

Не е само шоу, Ајрон Мајк оди на 51. победа во кариерата

Читај повеќе

Леброн одговори на прашањето дали ќе остане во Лејкерс

Читај повеќе

Битка на титаните: Баерн и Реал по осми пат играат за финале

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ ги испрати Леброн и Лејкерс на годишен одмор

Читај повеќе

Дали Шпанија ќе биде исфрлена од ЕУРО в петок?

Читај повеќе

Лазаров го објави списокот на ракометари за баражот против Фарски Острови

Читај повеќе
  • play_arrow

Иџе вози Ferrari на ридски патеки

Читај повеќе

Форлан стана професионален тенисер - првиот турнир во јуни

Читај повеќе